EICEE-Екосистем за екоиновации и циркуларна економија во Западен Балкан
Датум
Донатори
Партнери
Клучни зборови
Проектот „EICEE – Екосистем за екоиновации и циркуларна економија во Западен Балкан “ е поддржан од Европската Унија преку повикот на ЕУ за граѓанско општество и програмата за медиуми на Западен Балкан и Турција за 2021-2023 година (ИПА III).
Општа цел на овој проект е зајакнување на капацитетите и ангажманот на граѓанските организации во развојот на политикик кои водат кон зелена и дигитална транзиција во регионот на Западен Балкан. Проектот е поставен со цел тој да има дефинирано влијание врз капацитетите на актерите во социјалната економија, и врз перцепцијата на индустријата и јавниот сектор за користење на ресурсите на одржлив начин, и на основа на концептот на еко-дизајн.
Одржливиот економски развој е еден од предизвиците со кои се соочува целиот општествен систем, а не само предизвик за една од земјите на Западен Балкан. Сегашниот економски модел во регионот сè уште се заснова на „земи-направи-замени“. Тоа ги исцрпува нашите ресурси, ја загадува нашата животна средина и штети на биолошката разновидност и климата. Тоа, исто така, ги прави земјите, за поголемиот дел од производството, зависни од ресурсите од друго место. За да се решат овие проблеми, во ЕУ имаат за цел да преминат кон модел на поциркуларна економија заснован на поодржливи производи. Западен Балкан мора да оди по истиот тој пат. Ние мора да зборуваме за влијанието на производите врз животната средина во текот на нивниот животен циклус и продолжувањето на нивниот животен век, кој ќе доведе до поодржливи, кружни и поефикасни производи со ресурси. Поодржливите производи во електрониката, мебелот и текстилот ќе придонесат за отпорноста на економијата. Преку истражувачка работа, регионалниот истражувачки тим ќе развие збир на препораки како одговор на идентификуваните предизвици.
Од проектот издвојуваме: Корисници на овој проект се: истражувачката заедница во Западен Балкан, која доби дополнителни наоди и задачи за примена на истражувачката работа во развојот на иновативни производи и економијата воопшто; Социјалните претпријатија- кои понатаму ќе ги користат проектните резултати; и претставници на заедниците, здруженија на граѓани и сите заинтересирани за поддршка на користење на зелена технологија, знаење и услуги за развој на еко иновации и 3R производи.
Поврзани вести
#EICEE: Повик за предлог-проекти
Проектот „EICEE – Екосистем за екоиновации и циркуларна економија во Западен Балкан “ е поддржан од Европската Унија преку повикот на ЕУ за граѓанско општество… […]
EICEE СТУДИСКА ПОСЕТА ВО ХРВАТСКА: НОВИ ИДЕИ И ПАРТНЕРСТВА
Проектот „EICEE – Екосистем за екоиновации и циркуларна економија во Западен Балкан “ е поддржан од Европската Унија преку повикот на ЕУ за граѓанско општество… […]
Промо настан: Зелени идеи 2024+можности за поддршка на зелени социјални бизниси
Проектот „EICEE – Екосистем за екоиновации и циркуларна економија во Западен Балкан “ е поддржан од Европската Унија преку повикот на ЕУ за граѓанско општество… […]