#EICEE: Повик за предлог-проекти image

#EICEE: Повик за предлог-проекти

ПОВИК ЗА ПРЕДЛОГ-ПРОЕКТИ: на социјални претпријатија и граѓански организации кои сакаат да тестираат иновативни пристапи и да пилотираат решенија

Здружението за демократски просперитет – Ѕид од Црна Гора, заедно со CEDRA Сплит, Хрватска; Deli – Простор за креативна активност, Ниш, Србија; АРНО, Скопје, Северна Македонија; Lens, Приштина, Косово и  Green Building Council, Сараево, Босна и Херцеговина  го спроведуваат проектот „ EICEE-Екосистем за екоиновации и циркуларна економија во Западен Балкан“. Овој проект, финансиран од Европската Унија, се фокусира на промовирање зелена и дигитална транзиција во регионот.

Предлог-проектите кои придонесуваат кон одржлив економски развој и развој на граѓанските организации и социјални претпријатија кои работат во полето на циркуларна и зелена економија, треба да се достават најдоцна до 27.05.2024 година. до 16:00 часот по средноевропско време (Central European Time, CET).

Целосниот повик и апликацијата се достапни на англиски јазик, на овој линк. 

 

Наши поддржувачи
Rockefeller European commission UNFPA UNDP Social Impact Award Erasmus RYCO French Developement Agency Национална Агенција за образовни програми и мобилност МК