Промо настан: Зелени идеи 2024+можности за поддршка на зелени социјални бизниси
🎉10-години #ЗелениИдеи во организација на АРНО! По тој повод, традиционално, и годинава, со доаѓањето на пролетта го најавуваме почетокот на нашиот натпревар за #зелениидеи!
📌На 20-ми март, од 11 до 14ч во Europe House Скопје, АРНО организира настан со кој ќе го отвори овогодишниот натпревар за зелени идеи.
✔️Пријавувањето е отворено за сите (нема ограничување во возрасти и региони). Поради логистички причини (да наместиме столчиња, да се преброиме за грицки и кафиња) потребно е да се пријавите. За да се пријавите се што треба е да го пополните овој формулар најдоцна до 18.03 (23:59). Избраните учесници ќе добијат потврда на e-mail најдоцна до 19.03.2024
Главната цел на настанот или зошто ве каниме? Дојдете да зборуваме за зелена социјална економија; носители на идеи-сакаме да ве охрабриме да аплицирате (ќе слушнете насоки за аплицирање и најава за работилници); учесниците (изворно) ќе се запознаат со интересни приказни и наши зелени бизниси; ќе споделиме најава за плус грантови од друг проект на АРНО, и дојдете затоа што ќе имате шанса да добиете прекрасни еко-подароци- дизајнерска еко- шапка, стегачи за коса од текстилни остатоци и Боренки (даруваме за да одбележиме 10-ка).
Агенда на настанот:
▪️ Вовед= Што е #ЗелениИдеи? Вовед во зелена социјална економија, претставување на натпреварот
👒Успешна приказна= Која е Мирјана Јосифоска и како стана регионална победничка?
🗂️Како да се аплицира= Презентирање на формуларот, најава за работилници со обучувачка Ирина Тошева (национална победничка на Зелени идеи 2021)
🇪🇺Други извори на поддршка= Најава за грантови од EICEE проектот
🎁Квиз и награди (дизајнерска шапка, стегачи за коса, Боренки)
🌲 Цртаме со Боренки= Поддршка за пошумување на опожарени подрачја, Сојуз на извидници на Македонија
👥Неформално дружење= Прашања и вмрежување
На оние кои прв пат се среќаваат со нашите програми и пристапи еве краток опис:
🌱Зелени идеи е годишен натпревар кој поддржува развој на мали, локални, зелени бизнис идеи. Освен во нашата земја натпреварот се одржува и во Албанија, Косово, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Србија и Грција.Секоја година по тројца претставници од секоја од земјите се натпреваруваат на регионален натпревар. Четворицата претставници кои ќе победат на регионалниот натпревар добиваат по 10.000 или 5.000 долари за реализација на идејата во својата земја. АРНО го администрира натпреварот на национално ниво 10 години по ред, и е многу гордо што секоја година имаме регионални победници. Повеќе информации можете да најдете на www.zeleniidei.mk
♻️Проектот „EICEE – Екосистем за екоиновации и циркуларна економија во Западен Балкан “ е поддржан од Европската Унија преку повикот на ЕУ за граѓанско општество и програмата за медиуми на Западен Балкан и Турција за 2021-2023 година (ИПА III). Општа цел на овој проект е зајакнување на капацитетите и ангажманот на граѓанските организации во развојот на политики и практики кои водат кон зелена и дигитална транзиција во регионот на Западен Балкан. Повеќе информации за проектот можете да најдете овде https://arno.org.mk/mk/proekti/eicee-project/
💚Ве очекуваме