About us

АРНО е здружение за социјални иновации основано во македонскиот граѓански пејсаж во 2013-та година. Здружението ја започна својата работа со наоѓање решенија за големи глобални предизвици, преку мали, локални акции.
Веднаш после својот прв проект, АРНО стана препознатливо како пионер во полето на социјалното претприемништво. Благодарение на долгогодишното успешно менаџирање на натпреварот „Зелени идеи“, исто така е препознаено и како национален извор за подигање на свеста и инспирација во полето на зелено претприемништво.

АРНО има визија, талент, енергија и ресурси да биде креативен извор за подобрување на заедниците во кои живееме.
Исто така има организациски вредности и однесувања кои промовираат и поддржуваат иновација, како:

Очекување за длабоко разбирање на комплексни социјални проблеми, Култура на иновации, Пазарна ориентација.

Мисија и Визија

Мисија: AРНО развива и поддржува социјална иновација преку дизајнирање на нови опции и  различни социјални иницијативи, кои ги развиваат активни, независни граѓани кои дејствуваат заедно и придонесуваат кон развој на заедницата и позитивните општествени промени.

Визија: Обликување на иднината преку споделување на нашите ресурси и откривање на нови пристапи.

Клучни области

социјални иновации, социјално претприемништво, зелена економија, стручно образование за младинско вработување, филантропија и општествена одговорност на претпријатијата, агенда за развој, пост-2015, застапување, млади.

Стратегијата на АРНО е интегрирана во донесувањето на одлуки, и истата се ревидира и дискутира на  на годишното собрание и состаноците на извршниот одбор. Новите идеи и процеси на евалуација се ажурураат за да ги отсликуваат пошироките цели наведени во стратегијата и за да се усогласат приоритетите на сите нивоа на организацијата. Преку годината, менаџерскиот тим на АРНО ги набљудува имплементациите и ги одобрува идните акции водени од стратегијата. Како што АРНО се движи напред, фокусот е на постигнување на целите,  додека во исто време се гради институционален капацитет, се менаџираат ризиците кои се појавуваат и се користат сите нови можности кои ја зајакнуваат улогата на АРНО и го зголемуваат придонесот кон граѓанското општество.

Програмски области

Како социјално иновативна организација, АРНО успеа да ги преведе своите мисија и визија во проекти и активности кои ја истакнуваат нејзината посветеност, подготвеност и способност да иновира со цел да одговори на социјалните предизвици. Организацијата верува дека акциите на граѓанското општество се моќен начин за создавање на долгорочна промена во  заедниците. Затоа, фокусираната работа во програмските области и стратешките цели, придружена со градењето на вештини, ресурси и односи, е патот кон градење на посилно влијание.

Програмска област е тема која што има влијание врз работата на АРНО и заедниците од интерес. Со акцент на користењето на социјално-иновативните пристапи, работата на АРНО е структурирана околу 4 главни програмски области:
програма за социјални иновации, програма за одржлив развој, програма за филантропија и младинска програма.

Тим

АРНО е основано од бистри и креативни умови со филантропски срца, кои се страстни за нивните заедници и каузи. Но, за водење на граѓанска организација и зголемување на нејзиното влијание е потребно повеќе од страст. Потребно е знаење, вештини, ресурси, контакти/партнерства, време, планирање, трпение и флексибилност, како и поддршка и водство од чинители кои ја препознаваат нашата улога. Затоа тимот на АРНО е висококвалификуван, со големо искуство во различни индустрии и полиња (граѓански сектор, компјутерска индустрија, односи со јавноста, новинарство, адвертајзинг, социологија и т.н.), во кои имаат специфични вештини и посветеност за развој на својата експертиза.

АРНО се труди да создаде и негува инклузивна и разновидна работна околина која ги прифаќа луѓето од сите етнички групи, религии, сексуални определби и родови идентитети кои ги делат истите вредности на меѓусебно почитување и одговорност.

Ирина Јаневска photo

Ирина Јаневска

претседателка
Марјан Ицоски photo

Марјан Ицоски

програмски менаџер
Антонио Даниловски photo

Антонио Даниловски

проектен координатор
Стефани Пренкова photo

Стефани Пренкова

проектна координаторка
Шемседин Илјаз photo

Шемседин Илјаз

финансиски менаџер
Катерина Панова Матоска photo

Катерина Панова Матоска

административна менаџерка
Никола Војнов photo

Никола Војнов

бренд менаџер
Ањеза Садику Горенца photo

Ањеза Садику Горенца

соработник

Партнерства

Членство:

АРНО верува во лидерство ориентирано кон иднината и професионални односи на соработка. Организацијата е членка на: Националниот Младински Совет на Македонија, Y-PEER Македонија, платформата MenEngage на Источна Европа и Централна Азија (EECA), Diesis Network, Mрежа на зелено социjaлно претприемништво (неформална мрежа), Регионална мрежа за младинско претприемништво

 Во 2017-та АРНО е партнер на националната канцеларија на УНФПА за спроведување на активности од младинската компонента од нивниот годишен план за работа.

Донатори:

Фонд на браќата Рокфелер (САД), УНДП (Северна Македонија), УНФПА (Северна Македонија), УНФПА (EECARO), Европска Комисија, Impact Hub Vienna (Австрија), Регионалната канцеларија за младинска соработка (РИКО), Француската агенција за развој (АФД), Национална Агенција за образовни програми и мобилност (С.Македонија) Western Balkans Fund (WBF), Меѓународен Вишеградски фонд.

Национални партнери:

Асоцијација за менаџмент и консалтинг “МКА-2000 ,Фонд за иновации и технолошки развој ФИТР, Стопанска комора на Северна Македонија (СКСМ), Средно стручно училиште “Лазар Танев, Средно училиште “Раде Јовчевски Корчагин”- Скопје, „ДСУПУ “Лазар Личеновски”, Treebanks, „Универзитетско студентско собрание-УКИМ”, YPEER Македонија, Слоу Фуд Водно, ЗГ „Младите можат“, Љубезност, Мисла, Центар за интеграција и поддршка на граѓани (SIEC), Здружение „СОЛЕМ”, АХП Прилеп, Стартап Македонија ,Економски факултет Скопје преку Јунус центарот за социјални бизниси при Економски факултет Скопје

Регионални партнери:

Балканска Зелена Фондација (Косово), Фонд за активно граѓанство (Црна Гора), Фондација „Мозаик” (Босна и Херцеговина), Партнери Албанија за промени и развој (Албанија), Траг Фондација (Србија) HumanRights360 (Грција), Опсерваторијата за социјално претприемништво (Регионална иницијатива, основана во С. Македонија), Здружение Оптимист (Србија), Neomenioi (Грција), Ленс (Косово), Здружение за демократски просперитет – Зид(ADP-Zid, Црна Гора), Млади амбасадори (Србија), Нешто више (Босна и Херцеговина), Социјален Бизнис ЈУНУС (Албанија), Смарт Колектив (Србија), ИЕЦ Технополис (Црна Гора), Знаење на дело (Хрватска), Центар за развој на социјално претприемништво „Глобус“ (Босна и Херцеговина)

Интернационални партнери:

“Радвилишкиш Лиздеикос Гимназија”.(Литванија), „Прва Сушачка Гимназија“(Хрватска), Out of the box (Белгија), „Go Green “ (Белгија), Mod of Life (Романија), La Sabina de el Bonilo (Шпанија), Фондацијата за взаемна помош „Барка“ (Полска), општина Кробија (Полска), „Армијата на спасот “(Чешка), општина Ревфулоп (Унгарија), Педагошки Универзитет Краков (Полскa), Desert Bloom (Јордан), ART-ER (Италија), ГРУПА СОС Пулс (SOS Pulse Group), Мрежа на млади во Југоисточна Европа (SEEYN), Француски Институт, Француско-германска канцеларија за млади (OFAJ),  Apprentis d’Auteuil (Франција), Vilniaus kolegija (Литванија), Школа за вредности (Романија), COSV –  Cooperazione per lo Sviluppo (Италија), Kyodai Sports Club Association (Романија), Comune di Prato (Италија), KEY – Innovation in Culture Education and Youth (Кипар) , Contrôle-Z Nouvelle Aquitaine (Франција), Istituto Istruzione Superiore Statale “Marini-Gioia”(Италија)

Rockefeller Brothers Fund logo Erasmus+ logo UNFPA logo UNDP logo Social Impact Award logo

Интересни факти

#1

Во 2015, АРНО ја освои Наградата за социјално влијание (Social Impact Award) со што ја започна иницијативата „Часови за Готвење“ (како економска активност/сон за социјално претпријатие спин-оф).

#2

Првиот проект на АРНО- „ Младинска професионална кујна – нови технологии за социјален бизнис“ беше претставен во книгата „Иновации и претприемништво за прва година“, како успешна приказна на иницијатива на социјално претприемништво.

#3

Награда за дизајн на веб-страница: www.coolinari.mk освои национална награда за најдобар веб дизајн: второ место во 2017-та и 2018-та во категоријата „Храна и здравје“.

#4

Мебелот во канцелариите на АРНО е всушност стар мебел кој е реставриран од еден од победниците (SPIN) на натпреварот на зелени идеи.

#5

Промотивен материјал на АРНО се садливи картички -картички направени од рециклирана хартија во која има семе од цвеќиња и која може да се посади под тенок слој на земја. Картичките се производ на WIZART- победник на натпреварот за зелени идеи 2018 година.

#6

Активистот Антонио Ѓорѓиевски, професионален готвач и координатор на програмата „Кулинари“ доби награда за младинско граѓанско учество 2016 (Youth Civic Engagement Award - Young Citizen Participation Award 2016)

Преземи

Годишни ивештаи