EICEE Инфо-сесија за грантова шема- Информации од настан
На 15-ти мај (среда), АРНО oрганизираше Инфо сесија за грантова шема од проектот EICEE во просториите на „Нетавил“ во Скопје на која присуствуваа повеќе од 35 учесници. Настанот имаше за главна цел да ги информира социјалните претпријатија и граѓанските организации за отворениот повик за грантови преку кој може да тестираат и пилотираат иновативни пристапи и решенија во циркуларната економија.
На настанот беше претставен проектот EICEE – екосистем за еко иновации и циркуларна економија во Западен Балкан. Презентацијата за проектот EICEE ја истакна мисијата на проектот за револуционизирање на практиките во Западен Балкан преку стратегии за еко-иновации и циркуларна економија. Во вториот дел од настанот професорката д-р Наташа Данилоска го претстави националното истражување, каде беа презентирани основните концепти на циркуларната економија и контекстот во Северна Македонија, како и предизвиците и можностите со кои социјалните претпријатија и граѓанските организации се соочуваат во нашата држава. Проф. Данилоска зборуваше повеќе и за најновите европски трендови во циркуларната економија како Пасошот на дигитални производи и новите ЕУ стратегии, концепти и успешни примери.
Настанот заврши со презентација на Отворениот повик за предлог-проекти. Партнерите на проектот, Здружението за демократски просперитет- ZiD од Црна Гора и CEDRA- Хрватска споделија повеќе информации за условите и начинот на аплицирање и одговараа на прашањата на публиката.
Целосниот повик и апликацијата за отворениот повик за предлог-проекти се достапни на овој линк. Повикот е отворен до 27-ми мај до 16.00 часот. Снимката од настанот може да се погледне овде.(Поделената снимка од преносот во живо може да се погледне овде: прв дел од настанот и втор дел од настанот)
Одговорите на прашањата можат да се погледнат овде или во написот со сите информации за Повикот за грантови.
Проектот „EICEE – Екосистем за екоиновации и циркуларна економија во Западен Балкан “ е поддржан од Европската Унија, преку програмата за граѓанско општество и медиуми на Западен Балкан и Турција (ИПА 3).