Ние сме AРНО,
ние правиме добро!

Можете ли да замислите иднина во која сите ние ги споделуваме ресурсите и константно го подобруваме светот во кој живееме? Свет во кој сите луѓе делуваат заедно со една цел – да создадат подобра иднина. Ние можеме!
Затоа, ајде да ви раскажеме една добра приказна. Приказна исполнета со посветеност и креативност. Приказна за нас.

Вклучи се!

https://arno.org.mk/mk/proekti/zeleni-idei/

Зелени идеи

Имаш идеја за бизнис модел во кој во центарот се поставени еколошки и социјални цели? Идеја што ќе помогне светот да стане подобро место? Не го пропуштај крајниот рок од следното издание на натпреварот за зелени идеи- дознај повеќе за програмата и започни со подготовки на време.

Дознај повеќе
https://arno.org.mk/mk/proekti/regionalen_incubator_za_socijalni_pretpriemaci/

Регионален инкубатор за социјални претприемачи

Проектот RISE верува дека младите од Западен Балкан се талентирани и полни со иновативни идеи- желни да ги остварат. Токму затоа и сакаме да ги поддржиме младите и нивните социјални претпријатија кои ќе направат регионот подобро место. RISE се фокусира на соработка, размена на идеи и врсничко учење.

Дознај повеќе
https://arno.org.mk/mk/proekti/s-t-r-e-t-%d0%bf%d0%b0%d0%ba%d0%b5%d1%82-%d0%b0%d0%bb%d0%b0%d1%82%d0%ba%d0%b8-%d0%b7%d0%b0-%d0%bf%d1%80%d0%be%d1%84%d0%b5%d1%81%d0%be%d1%80%d0%b8/

S.T.R.E.T – Пакет алатки за професори

Се радуваме на можноста да им обезбедиме на професорите алатки за предавање на темите „Социјално претприемништво“ и „Филантропија“-алатки кои се едукативни и забавни. Кликнете подолу за да истражите нови методологии и содржини за вашиот предмет, или поврзете се со нас за не’ поддржите.

Дознај повеќе
We are ARNO

Ние сме

AРНО

АРНО значи ‘добро’. Овој збор нѐ води во сѐ што правиме. Тој е причината зошто правиме добро, зошто сакаме да го видиме доброто во другите и зошто сакаме да бидеме доброто во нашето општество.

Ние знаеме дека разликата помеѓу „добро“ и „подобро“ е волјата. Затоа нашиот тим е создаден од бистри и креативни умови со филантропски срца и големo искуство во различни индустрии. Тим кој кажува ‘не’ на обичното и „да“ на предизвиците. Ние сме страстни за нашите заедници и цели, но исто така имаме и знаење, мрежи и флексибилност, кои се клучни во поддржувањето на нашата страст. Ние веруваме дека ништо не е невозможно, треба само да се најде правилното решение. Тим кој има голема волја да работи за нашите заедници и цели, но исто така има и знаење и флексибилност, кои се клучни во поддржувањето на нашата волја.

Ние веруваме дека ништо не е невозможно, треба само да се најде правилното решение.

Ние во АРНО веруваме дека делата треба да зборуваат сами за себе. Затоа нашите иницијативи како: годишниот натпревар за зелени идеи, продажба на часови за готвење, соработка со професори и наставници по претприемништво, менторство за социјални бизниси, инкубација на идеи за социјални претпријатија, работилници за вклучување на мажите во борбата за родова еднаквост, и многу, многу други се одлични примери за ова. Овие проекти и социјални интервенции ја истакнуваат нашата посветеност, подготвеност и способност да иновираме и да одговориме на социјалните предизвици.

Нашата работа е фокусирана

на 4 програмски области,

4 столбови за посветла иднина.

За вас, за нас, за сите.

Млади
Правиме добро

преку поддршка, вклучување и поттикнувањето на младите луѓе преку нашата

младинска програма

затоа што знаеме дека иднината е во нивни раце! Ние ја препознаваме нивната страст, креативност и капацитет да ги донесат промените кои се неопходни во светот во кој живееме. Преку работата со младите, ние ги охрабруваме да работат сложно за да придонесат кон социјални иновации и промени, и да учествуваат целосно во развојот на нивните заедници. Само преку усогласувањето со другите процеси и чинители и засегнати страни, може да обезбедиме соработка на сите нивоа за поддршка на младите.

Дознајте повеќе

Правиме добро

почитувајќи го балансот помеѓу природата и потребите на општеството, со нашата

програма за одржлив развој

затоа што знаеме дека економскиот развој треба да биде компатибилен со одржливоста на животната средина и социјалната правда. Светот постојано се менува, и наша цел е да направиме баланс помеѓу искористувањето на ресурсите, институционалните промени и насоката на инвестициите, за да може да ги задоволиме потребите на нашите заедници, денес и во иднината.

Дознајте повеќе

Одржлив развој
Правиме добро

преку креирање на можности за делување кои водат до живот исполнет со љубов и почитување, благодарение на нашата

програма за филантропија!

Филантропија значи донирање на искуство, финансиски ресурси и вештини со цел да се создаде подобро утре. Тоа е значајна движечка сила која ги подобрува заедниците во кои живееме, охрабрувајќи нѐ сите нас да разговараме за човекољубие и да станеме примери на филантропско однесување.

Дознајте повеќе

Филантропија

Ние сме AРНО,

ние правиме добро!

Добри вести

АРНО го одбележува членството во мрежата RREUSE со силна заедничка заложба image

АРНО го одбележува членството во мрежата RREUSE со силна заедничка заложба

Во април 2025 година, АРНО со гордост стана членка на мрежата RREUSE, приклучувајќи се кон заедница на организации од цела Европа кои ја промовираат циркуларната… […]

Read More…

Дознај повеќе
Ирина се врати од Стокхолм со нови знаења и партнерства од SI Leader Lab 2025 image

Ирина се врати од Стокхолм со нови знаења и партнерства од SI Leader Lab 2025

Ирина Јаневска, основачка и креативно погонче во АРНО, ја претставуваше Македонија на SI Leader Lab 2025 — една  од најпрепознаените програми за лидерство за професионалци… […]

Read More…

Дознај повеќе
Младите учеа за економска демократија: Одржани обуки за ЕСОП image

Младите учеа за економска демократија: Одржани обуки за ЕСОП

Во март, АРНО ги финализираше бесплатните обуки посветени на темата економска демократија и модел на сопственост од страна на вработени – ЕСОП (Employee Stock Ownership… […]

Read More…

Дознај повеќе
Пријава за работилница -🛴 поправка на електрични тротинети image

Пријава за работилница -🛴 поправка на електрични тротинети

🌱🛴 Поправка на електрични тротинети! Замисли го ова: eден убав пролетен, сончев ден, возиш електричен тротинет низ градските улици, но… наеднаш се појавува проблем со… […]

Read More…

Дознај повеќе