Онлајн настан за едукатори и наставници – „Паркури за иднината“
Дали наставата може да биде интерактивна, забавна, гејмифицирана и истовремено насочена кон глобалните предизвици како климатските промени, дигиталната трансформација и социјалната и родовата нееднаквост? Дали можеме да го премостиме јазот помеѓу сегашните образовни практики и барањата на пазарот на трудот? Ние веруваме дека можеме – преку нашата иновативна методологија „Паркури за иднината“.
👉 Што се „паркури“?
Паркурите се начин на интерактивно, гејмифицирано учење. Се викаат „паркури“ затоа што учениците фигуративно „скокаат“ од една станица на друга и работат на реални сценарија во форма на игри поврзани со глобалните предизвици како:
🌍 климатските промени,
💻 дигиталната трансформација и
⚖️ социјалната и родовата еднаквост.
Преку нашите паркури учениците креираат бургери со најмал еколошки отпечаток, прават стратегии како да го убедат повисокиот менаџмент да донесе зелени одлуки, дознаваат која е темната страна на паметните телефони, се запознаваат со достигнувањата на Фрида Кало, Малала Јусуфзаи и многу други.
Затоа, наставници и едукатори, ве покануваме да ни се придружите на онлајн настанот:
„Паркури за иднината: Скок кон нови методи за современи едукатори“
📅 25 ноември 2025 | ⏰ 11:00–13:00 | 💻 Онлајн
Настанот ќе ве воведе низ нашата методологија преку интерактивни презентации и демонстрации на физички и дигитални паркур станици и, секако, ќе ги презентираме бесплатните материјали кои ќе бидат вашиот компас во имплементирање на методологијата:
-
Прирачник за имплементација и едукација
-
Водич за обновување (Rebuild Manual)
-
Водич за најдобро користење на „Паркури за иднината“
АГЕНДА:
11:00 – 11:10 | Добредојде
11:10 – 11:40 | Скок кон Паркурите – Вовед во проектот и иновативната методологија
11:40 – 12:30 | Физички и дигитални паркур станици – Презентација на станиците и нивната примена
12:30 – 13:00 | Компас во примена на Паркурите – Прирачниците како водич низ методологијата
Не пропуштајте го овој скок кон иднината на образованието и пријавете се тука:
🔗 Пријава за учество: https://forms.gle/xjE1Jfy2LDwho8dc6
Придружете ни се за да откриеме како модерните методи и интерактивните паркур станици можат да ја трансформираат вашата наставна практика и да го инспирираат секој ученик! Доколку сте вистински заинтересирани за методологијата, има можност да се приклучите и на тимот на едукатори кој АРНО планира да го користи и понатаму (и не само во настава).
Проектот „Паркури за иднината“ го предводи Life e.V. од Германија, во партнерство со ARNO (Северна Македонија), Agenzia Regionale per il Lavoro (Италија), Scoala de Valori (Романија), Goethe-Institut и GINNlab (Германија и Италија). Целта е преку методологии на ко-дизајн, поправка и креативна едукација да се поттикнат нови професионални патеки за младите.







