Зелени идеи image

Зелени идеи

Датум

2015

Донатори

Фонд на браќата Рокфелер (САД)

Партнери

АРНО (Национален координатор), Balkan Green Foundation (регионален координатор)

Клучни зборови

зелени идеи, зелена економија, социјална економија, регионален натпревар

Во 2015 година АРНО започна со имплементација на проектот насловен како “Филантропија и одржлив развој во Македонија”. Филантропија преку зелени идеи (PGI) е регионален проект кој го спроведува Балканската зелена фондација (Balkan Green Foundation) од Косово, и истиот е поддржан од Фондот на браќата Рокфелер во рамки на програмата за развој на Западен Балкан. Проектот има за цел да ги стимулираа и охрабри иновациите за зелени бизнис идеи на локално ниво и да ја истражи улогата на филантропијата во вклучувањето на локалните заедници кои генерираат зелени бизнис идеи. Зелените бизнис идеи генерирани од заедниците се однесуваат на употреба на локалните ресурси и ревитализација на исчезнувањето на традиционалните производствени синџири и пазари во заедницата.

Покрај АРНО, која е организација одговорна за спроведување на националниот натпревар во С. Македонија, партнери одговорни за спроведување на националните натпревари во другите земји се: Partners Albania (Албанија), Форум за граѓански иницијативи/FIQ(Косово), Фондот за активно граѓанство (Црна Гора), Tраг Фондација (Србија), фондацијата „Мозаик“ (Босна и Херцеговина) и  HumanRights360 (Грција).

Секој од победниците на регионална ниво добива поддршка од 10 000 или 5000 долари (во зависност од категоријата за која аплицира) за имплементација на зелената бизнис идеја, при што АРНО учествува во мониторинг и евалуација на процесот, и дополнително поврзување со други поддржувачи. Национални партнери кои го поддржуваат натпреварот се: Здружение за менаџмент консалтинг – МЦА 2000, Фондот за иновации и развој на технологија (ФИТР), комората на бизниси од Северо-западна Македонија и Македонија 2025 (од 2021-ва). Преку овој натпревар, вклучително со 2022-та година, вкупно 95.000 долари се инвестирани во нашата земја за поддршка на зелени бизниси.

Натпреварот  се одвива преку структурирани критериуми и процес со кој се обезбедува транспарентен избор на победничките идеи. Оваа иницијатива има за цел да ги поддржи зелените идеи на национално ниво и да допре до руралните области и маргинализирани заедници. Повеќе информации за отворените повици и сите детали во врска со националниот натпревар може да се најдат на www.zeleniidei.mk, (Повикот за натрпеварот зелени идеи 2023- е отворен до 21-ви мај) а регионалните информации можете да ги најдете тука: www.balkangreenideas.org

Од проектот издвојуваме:  ОД 2015-та кога АРНО почнува со администрирање на натпреварот на национално ниво, С. Македонија го добива својот прв регионален победник (Наша Добра Земја-Прва кооператива на органски потрошувачи). Во 2016-та повторно имаме македонски победник: Марта Мојсова млада архитектка која основа стартап за поправка и редизајн на стар мебел (СПИН), и во 2017-та имаме двајца победници: Кристиан Шопов, еко-магионичар кој преку забава пренесува еколошки пораки (Еко илузии) и Јане Заевски кој заедно со својот тим ја основаше платформата „Храна за сите“ преку која се продава и донира непродадена храна од угостителските објекти. Во 2019-та македонски регионални победници се носителите на идејата за производство на ориз на одржлив начин-Оризова братимка„ Био смарт ориз“ и „Challenger“мобилната апликација која ги мотивира луѓето да одат пеш или да возат велосипед . Во 2020 македонска регионална победничка идеја е „Вајс адитив“ на младата иноваторка Софија Дацева која преку принципот на циркуларна економија произведува прехранбен адитив добиен со преработка на комиње. Во 2021 О-круг е победничката идеја од нашата држава на регионалниот натпревар која ќе производува ароматизери и есенцијални масла од отпадни кори од портокали, додека во 2022, македонски регионален победник е Александар Каравилоски со идејата “Инсект пилот соба”, кој од инсекти ќе произведува веганска храна за миленици и (2023) Мирјана Јософоска со моден бренд кој употребува остатоци од текстил за производство на шапки и модни додатоци.

Видеа од проектот

Поврзани вести

Зелени идеи image

?НАТПРЕВАРОТ „ЗЕЛЕНИ ИДЕИ 2021“ Е ОТВОРЕН ЗА АПЛИЦИРАЊЕ?

Во 2015 година АРНО започна со имплементација на проектот насловен како “Филантропија и одржлив развој во Македонија”. Филантропија преку зелени идеи (PGI) е регионален проект… […]

Read More…

Дознај повеќе
Зелени идеи image

Balkan Green Academy 2020/2021 повик за учество – продолжен рок за аплицирање

Во 2015 година АРНО започна со имплементација на проектот насловен како “Филантропија и одржлив развој во Македонија”. Филантропија преку зелени идеи (PGI) е регионален проект… […]

Read More…

Дознај повеќе
Зелени идеи image

Се вративме дома со награди: две македонски зелени идеи наградени на регионален натпревар

Во 2015 година АРНО започна со имплементација на проектот насловен како “Филантропија и одржлив развој во Македонија”. Филантропија преку зелени идеи (PGI) е регионален проект… […]

Read More…

Дознај повеќе
Зелени идеи image

Од отпад од вино (комиње) до адитив во прехранбена индустрија, биотехнички методи за здрав мед и заштита на феноменот колибарење се победниците на овогодинешниот натпревар „Зелени Идеи“

Во 2015 година АРНО започна со имплементација на проектот насловен како “Филантропија и одржлив развој во Македонија”. Филантропија преку зелени идеи (PGI) е регионален проект… […]

Read More…

Дознај повеќе