YouCanBe: Алатки за социјални претприемачи и ПЕТОК 13-ти настанче
На 13 септември во 17 часот во КОТУР, АРНО организира настан за промоција на алатки за социјални претприемачи и мини одбележување на петок 13-ти со разговор и дружба со локални социјални претприемачи (Александра Бела од УРМА, Кристиан Шопов (Еко-магионичар и Среќотворец) и Магдалена од Лице в лице. За да се пријавите се што треба е да го пополните овој формулар.
Во духот на ПЕТОК 13ти, ќе се зборува за (не)среќите со успешни претприемачи, ќе се игра – Unfortune cookie (неформално образование at its best), ќе се споделат сетови на алатки за социјални претприемачи подготвени во рамки на проектот YOU-CAN-BE и ќе се одржи (мини)инфосесија за новиот отворен повик за млади претприемачи RISE Journey 5.
Агенда на настанот:
ПРВ ДЕЛ
17:00 – 18:35 Living libraries: Зборуваме за (НЕ)среќите на успешни претприемачи (URMA, Lice v lice и Кристијан Шопов) и го претставуваме You-Can-Be сетот алатки за социјални претприемачи.
ВТОР ДЕЛ
18:35 – 18:40 RISE Journey 5: инфосесија за новиот отворен повик за млади претприемачи
18:40 – 18:50 Q&A
18:50 – 19:00 Игра – Unfortune cookie
За оние кои прв пат се среќаваат со нашите проекти еве краток опис:
Проектот „You Can Be“ се спроведува од Фондацијата Apprentis d’Auteuil-France (координатор), Vilniaus Kolegija-Литванија, Asociatia Scoala De Valori-Романија, Zaklada Znanje na djelu-Хрватска и Здружение за социјални иновации „АРНО” – С. Македонија. Проектот е финансиран од Еразмус + програмата на Европската Унија. Во рамки на овој проект се одржаа многу средби и размени и се создадоа неколку прирачници кои можат да послужат на обучувачи, ментори, професори, на самите социјални претприемачи и колеги кои работат на оваа тема.
Проектот RISE е во потрага по својата 5-та генерација на млади! Сите млади (16-35) кои имаат тимче (минимум 2-ца) и идеја како да направат нешто добро за општеството и животната средина можат да се пријават и ако бидат избрани да добијат 2500 евра неповратни средства, куп знаење, прекрасни ментори, можност да патуваат во регионот да запознаат слична идеја. Повикот е отворен до и може да се погледне овде. На настанот присутните ќе имаат можност да постават и прашања.