АРНО организираше „Школа за социјална економија”
Во рамките на проектот Младински сојуз за социјална економија на Западниот Балкан (Western Balkans Youth Social Economy Alliance) во период од 25 до 27 ноември во Јавна Соба, АРНО имплементираше т.н школа за социјална економија, на која учествуваа 15 млади луѓе.
Целта на школите за социјална економија е на учесниците да им овозможат да стекнат и изградат вештини со кои нивните иновативни идеи ќе станата одржливи социјални претпријатија.Овие школи ја следат развиената наставна програма од обуките кои се одржаа во Подгорица и за кои можете повеќе да прочитате тука.
Програмата на овие школи е изработена врз основа на прирачникот кој е креиран во рамките на овој проект и кој за прв пат се тестира во рамките на овие школи кои ги спроведуваат сите партнери во проектот на локално ниво.
Проектот Младински сојуз за социјална економија на Западниот Балкан (Western Balkans Youth Social Economy Alliance) е дел од пошироката стратегија за поддршка за создавање на Младински сојуз за социјална економија на Западниот Балкан. Проектот е регионална мрежа посветена на градење на капацитетите на граѓанските организации за промоција, застапување и искористување на социјалната економија како еден од најефективните инструменти за вклучување, охрабрување и создавање можности за младите од Западниот Балкан. Проектот е предводен од ADP-Zid од Црна Гора, во соработка со Diesis Network (Белгија), Mladi Ambasadori (Србија), LENS (Kосово), Partners Albania for Change and Development (Албанија), Cooperazione per lo Sviluppo (Италија), АРНО (Македонија) и CDP Globus (Босна и Херцеговина). Проектот е финансиран од Еразмус + програмата.