Обуки за идните млади фасилитатори за социјално претприемништво
Во рамките на проектот Младинска алијанса за социјална економија на Западен Балкан (WB SEA) оваа година беа одржани две обуки во Подгорица Црна Гора. На обуките земаа учество 24 млади луѓе од Албанија, Босна и Херцеговина, Белгија, Италија,Косово,Црна Гора, С.Македонија и Србија.
Првата обука за застапување, градење партнерство и дигитално учење на социјалната економија се одржа во периодот од 27-ми март до 2-ри април 2022 година. Во рамките на оваа обука како млади фасилитатори на социјално претприемништво и практичари за младинска работа беа одбрани да учествуваат: Камелија Костовска, Душица Тевчева, Симона Василевска. Учесниците има можност да научат како да креираат ефикасни кампањи за застапување и да ги подобрат екосистемите на социјалната економија преку соработка со клучните засегнатите страни во нивните локални заедници.
Втората обука за млади фасилитатори на социјално претприемништво и практичари за младинска работа се одржа во период од 21-ви октомври до 27-ми октомври 2022 година.Во рамките на оваа обука учествуваа: Симона Станчева, Дона Станчева и Симона Славкова. Учесниците на обуката преку работа во групи генерираа идеи со кои се решаваат проблемите поврзани во локалната заедница. Дополнително, младите луѓе ги учеа алатките: Бизнис модел канвас, 5-те зошто, и сл. Преку овие алатки, учесниците имаат шанса да направат анализа на пазарот и да научат како да ја стават својата идеја на хартија.
„Ми беше задоволство да бидам дел од втората обука за млади фасилитатори на социјално претприемништво. Не може со зборови да се објасни енергијата и бурата од идеи кои произлегува од тим од луѓе од различни области со кои се обидувате да најдете решение за некој заеднички проблем.” изјави Симона Славкова од АРНО- учесник на втората обука.
Проектот Младински сојуз за социјална економија на Западниот Балкан (Western Balkans Youth Social Economy Alliance) е дел од пошироката стратегија за поддршка за создавање на Младински сојуз за социјална економија на Западниот Балкан. Проектот е регионална мрежа посветена на градење на капацитетите на граѓанските организации за промоција, застапување и искористување на социјалната економија како еден од најефективните инструменти за вклучување, охрабрување и создавање можности за младите од Западниот Балкан. Проектот е предводен од ADP-Zid од Црна Гора, во соработка со Diesis Network (Белгија), Mladi Ambasadori (Србија), LENS (Kосово), Partners Albania for Change and Development (Албанија), Cooperazione per lo Sviluppo (Италија), АРНО (Македонија) и CDP Globus (Босна и Херцеговина). Проектот е финансиран од Еразмус + програмата.