(Продолжен рок)RISE Journey III- Повик за млади социјални претприемачи image

(Продолжен рок)RISE Journey III- Повик за млади социјални претприемачи

Здружението за социјални иновации “АРНО” како локален инкубатор во проектот RISE (Regional Incubator for Social Entrepreneurs), објавува повик за млади (16-35 год.) со иновативни идеи за социјални и зелени бизниси кои решаваат општествени и еколошки проблеми. Повикот за апликации за третото издание на RISE програмата е продолжен до 06.11.2022, 23:59ч. 

Доколку сте млади (16-35 год.) и имате тим со идеја за социјален и зелен бизнис кој ќе ја направи вашата локална заедница подобро место за живеење, овој повик е токму за вас! RISE програмата нуди едукативна и финансиска поддршка која ќе ви помогне да ја трансформирате вашата идеја во социјален бизнис. RISE ви нуди можност да:

  •  учите од искусни организации, ментори и експерти (пр.откривање на вашиот brand’s spirit animal, како се прави зелено буџетирање, дизајнерско размислување (design thinking), комуникации со јавност и сл.) 
  •  добиете финансиска поддршка за вашата идеја (без обврска да регистирате ново правно лице (компанија/здружение, иако идеално би било да се охрабрите:)) 
  • добиете мини грант за регионална мобилност (средства со кои можете да посетите идеја/институции/бизниси корисни за вашиот развој)
  • учествувате во вмрежување и размена на искуства со другите учесници 
  • ги запознаете важните актери во социјалната економија од Западниот Балкан

За да аплицирате, треба да го пополните формуларот на англиски јазик, кој е достапен ОВДЕ. Пред да аплицирате ве молиме прочитајте го: 

  • Целосниот повик кој содржи повеќе информации за условите и начинот на апликација достапен на следниот ЛИНК.
  • Документот со често поставувани прашања. Доколку имате дополнителни прашања слободно испратете мејл на marjan@arno.org.mk 
  • Сите заинтересирани за повеќе информации можат да се вклучат на онлајн сесијата во среда, 26-ти октомври во 16:30 часот.

♥ RISE не е обична програма за социјални претприемачи, туку е динамична заедница на млади социјални иноватори и лидери од регионот која креира промени, негува добри вредности и чини добри дела. Во првите две изданија на RISE на регионално ниво поддржавме 274 млади и 88 идеи од Западниот Балкан, од кои денес, дел прераснаа во функционални социјални бизниси кои освоија и други регионални награди, грантови и го привлекоа вниманието на донаторите и медиумите (и сите сме многу горди на нив:)) 

*Работен јазик на програма е македонски, со често користење на интернационална терминологија и литература на англиски јазик, додека регионалните активности и комуникација се одвиваат целосно на англиски јазик. 

Следете нè на социјалните медиуми за најнови информации (Facebook, Instagram, LinkedIn). 


Проектот RISE е предводен од конзорциум составен од Регионалната канцеларија за младинска соработка (RYCO), ГРУПА СОС Пулс (SOS Pulse Group), Мрежа за млади на Југоисточна Европа (SEEYN), и Француско-германската канцеларија за млади (ОFAJ), а имплементиран од шест локални инкубатори – АРНО (Македонија), Балканска Зелена Фондација (Косово)*, Нешто више (Босна и Херцеговина), Смарт Колектив (Србија), ИЕЦ Технополис (Црна Гора) и Социјален Бизнис ЈУНУС (Албанија).
Проектот RISE е ко-финансиран од Француската агенција за развој (АFD), Регионалната канцеларија за младинска соработка (RYCO) и Еразмус + програмата на Европската Унија. 

Сподели на социјалните мрежи