
(Продолжен рок) RISE Journey 4: Повик за млади социјални претприемачи
Здружението за социјални иновации “АРНО” како локален инкубатор во проектот “Регионален Инкубатор за Социјални Претприемачи” (RISE), oбјавува повик за млади (16-35 год.) со иновативни идеи за социјални и зелени бизниси кои решаваат општествени и еколошки проблеми. Повикот за апликации за четвртото издание на RISE програмата е продолжен до 12-ти октомври, 23:59ч.
Дали сте млади помеѓу 16 и 35 години? Дали имате тим со идеја за социјален и еколошки одговорен бизнис? Дали сакате да направите позитивна промена во вашата локална заедница?
Ако одговорот е да, RISE е токму за вас!
RISE е програма за поддршка и охрабрување на младите од Западен Балкан која нуди алатки и средства за трансформација на иновативните идеи во одржливи социјални претпријатија. RISE ќе ви овозможи да:
- учите од врвни организации, ментори и експерти на актуелни и важни теми и методологии (брендинг, storytelling, зелено буџетирање, интеркултурни вештини за претприемачи, design thinking, односи со јавност, pitching и многу други)
- добиете грант од 2.500 евра за развој на идејата, без обврска да регистрирате правен субјект (фирма/здружение, иако идеално би било да се охрабрите на овој чекор)
- искусите возбудлива регионална мобилност и посетите други социјални претпријатија, институции и бизниси од Западниот Балкан и да се мотивирате и инспирирате од нивните приказни
- стекнете модерни и практични вештини и квалитетни можности за личен и професионален развој
- станете дел од најголемата алумни мрежа на млади социјални претпримачи на Западниот Балкан и да се вмрежите и размените искуства и контакти со ваши врсници
- ги запознаете сите клучни актери во социјалната економија на Западниот Балкан и научите повеќе за одговорни и етички бизнис модели за решавање на предизвиците на 21-ви век
За да аплицирате, треба да ја пополните апликациската форма на англиски јазик, најдоцна до 12-ти октомври, 2023, 23.59 часот, која може да ја најдете ОВДЕ.
Пред да аплицирате, ве молиме внимателно прочитајте ги следните документи:
- Целосниот повик за апликации, кој содржи детални информации за критериумите и процесот на апликација, кој може да го најдете ТУКА.
- Документот со често поставувани прашања. Доколку имате дополнителни прашања, слободно обратете ни се на: marjan@arno.org.mk
! За повеќе информации, ве покануваме да ја погледнете онлајн инфо сесијата која се одржи на 21 септември (четврток).
RISE програмата верува во талентот и иновативноста на младите од Западен Балкан и ги поддржува да го остварат својот потенцијал и да ги водат промените во нивните заедници. RISE не е само уште една програма за социјални претприемачи, него, вредно искуство кое им го промени животот на многу млади од регионот. Во првите три изданија, RISE поддржа 365 млади социјални претприемачи и 130 идеи, од кои голем дел прераснаа во успешни социјални бизниси и освоија и други регионални награди, грантови и го привлекоа вниманието на донаторите и медиумите. Нашите RISErs менуваат животи и заедници, негуваат вредности на солидарност и помагаат на граѓаните на кои најмногу им е потребно. Горди сме да го посведочиме и помогнеме нивниот раст и влијание и остануваме посветени на мисијата да создадеме нови социјални претприемачи и ја зајакнеме нашата RISE заедница.
*Работен јазик на програма е македонски, со често користење на интернационална терминологија и литература на англиски јазик, додека регионалните активности и комуникација се одвиваат целосно на англиски јазик.
Следете нè на социјалните медиуми за најнови информации (Facebook, Instagram, LinkedIn).
Проектот RISE е ко-финансиран од Француската агенција за развој (АFD), Регионалната канцеларија за младинска соработка (RYCO) и Еразмус + програмата на Европската Унија. Проектот RISE е предводен од конзорциум составен од Регионалната канцеларија за младинска соработка (RYCO), ГРУПА СОС Пулс (SOS Pulse Group), Мрежа за млади на Југоисточна Европа (SEEYN), и Француско-германската канцеларија за млади (ОFAJ), а имплементиран од шест локални инкубатори – АРНО (С. Македонија), Балканска Зелена Фондација (Косово)*, Нешто више (Босна и Херцеговина), Смарт Колектив (Србија), ИЕЦ Технополис (Црна Гора) и Социјален Бизнис ЈУНУС (Албанија).