Регионален инкубатор за социјални претпријатија – RISE 2
Датум
Донатори
Партнери
Клучни зборови
RISE II е продолжение на „проектот Лабораторија WB6 (Западен балкан 6)“/ RISE I (2019) со цел да се отворат нови простори за помирување на младите од Западен Балкан преку социјално претприемништво. Проектот ги охрабрува младите луѓе да станат двигатели на промени во рамките на нивната заедница(и) преку развивање решенија со социјални и еколошки влијанија. Како енергична заедница на млади социјални иноватори и лидери во регионот, RISE создава позитивни промени, негува добри вредности и прави добро во заедниците. RISE, исто така, ги зајакнува капацитетите на шест локални инкубатори, преку градење на нивното знаење, вештини и препознатливост во нивните соодветни екосистеми и регионот на Западен Балкан. Преку регионалните активности, проектот придонесува и за промовирање на социјалното претприемништво во Западниот Балкан како алатка за економско вклучување, градење мир и зајакнување на социјалните врски во и меѓу земјите.
Цели:
- Да придонесе во развојот на екосистемот за социјално претприемништво во Западен Балкан преку локалните инкубатори во секоја од земјите од Западен Балкан;
- Да го подобри пристапот до социјалното претприемништво за младите во регионот на Западен Балкан, нудејќи им регионална програма при процесот на осмислување и инкубација, како и грантови за започнување свои социјални претпријатија;
- Да ја зголеми свесноста за социјалното претприемништво во регионот на Западен Балкан и чувствителноста на пошироката јавност, младите луѓе и креаторите на политики за социјална економија;
- Да ја подобри регионалната соработка и интеркултурната размена меѓу младите во регионот на Западен Балкан и да придонесе во процесот на помирување и градење мир;
- Да ја олесни размената на знаења и искуства, како и зајакнување на соработката во полето на социјалното претприемништво помеѓу клучните актери на ниво на Европската Унија и Западен Балкан.
Од проектот издвојуваме: Програма за идеација и инкубација; регионална мобилност; грантови за основање социјални претпријатија; интеркултурна размена и знаење; менторство; регионални буткампови; алумни награди; алумни заедница; студиски патувања; размена на знаења и искуства; регионални форуми за јавни политики; препораки за јавни политики; регионална соработка.