
RISE III патешествието започна!
На 25-ти ноември во Јавна Соба тимот на АРНО ја одржа првата средба со овогодинешните RISE тимчиња. Како дел од програмата RISE оваа година од страна на стручното жири беа избрани 7 тима со интересни и иновативни идеи. Ова се тимовите со кои тимот на АРНО и менторите ќе работат во наредните месеци: Rebel, Awear, Grasp, Active workplace, Medical Mushroom garden, Coffee Mates и Natural Revolution.
На првата средба тимовите имаа можност да се претстават себе си и својата идеја пред другите тимови. АРНО преку алатките на неформалното образование ги подготви учесниците за следните чекори од патешествието и ги запозна со поимот социјално претприемништво и какви сѐ бизнис модели можат да се развијат
По презентацијата на теоретскиот дел со практични и успешни примери на социјални и зелени бизниси, учесниците се стекнаа со основното знаење за социјалните бизниси и добија домашни задачи на кои треба да работат.
Проектот RISE е предводен од конзорциум составен од Регионалната канцеларија за младинска соработка (RYCO), ГРУПА СОС Пулс (SOS Pulse Group), Мрежа за млади на Југоисточна Европа (SEEYN), и Француско-германската канцеларија за млади (ОFAJ), а имплементиран од шест локални инкубатори – АРНО (Македонија), Балканска Зелена Фондација (Косово)*, Нешто више (Босна и Херцеговина), Смарт Колектив (Србија), ИЕЦ Технополис (Црна Гора) и Социјален Бизнис ЈУНУС (Албанија). Проектот RISE е ко-финансиран од Француската агенција за развој (АFD), Регионалната канцеларија за младинска соработка (RYCO) и Еразмус + програмата на Европската Унија.Повеќе информации може да најдете на: https://www.risewb.org/