Повик за учесници: Е+ размена во Романија за млади image

Повик за учесници: Е+ размена во Романија за млади

АРНО во рамките на проектот „For Unlimited Energy Levels – Empowerment through Sport (FUEL)“ објавува повик за учество во младинска размена во период од 11-18 јули 2022 во Букурешт-Романија. Младите кои ќе земат учество во оваа размена ќе имаат можност преку забава, спорт, дружење со различни култури да разберат како спортот е забавен и добар,  и колку помога, особено за подобро менталното здравје. Сите трошоци за пат и храна ќе бидат покриени од страна на организаторот. 

Кој може да аплицира?
Сите млади на возраст од 18 до 26 години кои активно спортуваат или не спортуваат- но се во потрага по дополнителна мотивација за да почнат да спортуваат, се добредојдени да аплицираат во оваа размена. Изборот на учесници ќе биде микс од двете категории 🙂 

Како се аплицира?
Пријавувањето е отворено до 23-ти јуни 23:59. Формуларот за аплицирање може да го најдете овде
АРНО го задржува правото да ги контактира само избраните учесници. 

Koja e целта на оваа Еразмус+ размена ?
Со овој проект целта е да се допре до млади од локалните заедници. Спортот може да им помогне на младите одржат здрава тежина, но, постои и корелација помеѓу физичката активност и менталното здравје. Овој проект промовира различност на сите нивоа. Учесниците во овој проект, преку самиот остварен контакт, се очекува да работат на елиминирање на предрасудите и зголемување на толеранцијата и прифаќањето. Преку интересна програма, учесниците ќе се забавуваат,  стекнат основни техники за самоодбрана, ќе имаат разни игри (едно врапче ни кажа дека ќе има Treasure Hunt во Букурешт) и ќе се дружат.  Очекувањата по завршувањето на оваа размена е учесниците повеќе да се вклучуват во физичките активности.

**********************************************************************************************************

For Unlimited Energy Levels – Empowerment through Sport (FUEL) е проект кофинансиран од програмата Еразмус + на Европската Унија и организиран од Kyodai Sports Club Association (Романија) заедно со партнерите: АРНО (С.Македонија), Neomenioi (Грција), Comune di Prato (Италија), KEY – Innovation in Culture Education and Youth (Кипар) и Contrôle-Z Nouvelle Aquitaine (Франција) 

Сподели на социјалните мрежи