Онлајн конференција: професии и вештини за иднината
Во рамки на проектот „Паркури за иднината” ќе се одржи онлајн конференција за трендовите и предизвиците на европскиот пазар на труд и стручното образование и обука на 17 октомври, од 10.00-12.00 часот. За учество на настанот потребно е да се регистрирате на овој линк.
Во услови на климатски промени и дигитализација и напредокот на технологијата, автоматизацијата и вештачката интелигенција економиите се насочуваат кон одржливост и зачувување на животната средина. Како овие трансформации го обликуваат кариерното насочување и обуката во европските земји? Кои вештини треба да ги стекнат младите?
Како дел од Еразмус+ проектот “Паркури за иднината” конференцијата има за цел да ги претстави првичните наоди за тековните трендови на пазарот на вработување и труд во Германија, Италија, Северна Македонија, Романија и низ ЕУ, како и да отвори дебата за вештини и кариерна ориентација со експерти, практичари и истражувачи.
Конференцијата е отворена за образовните чинители, особено професори и едукатори во земјите партнери и на европско ниво, но и сите заинтересирани кои сакааат да дознаат повеќе за темата.
Повеќе за настанот може да прочитате на овој линк.
“Паркури за иднината” е Еразмус+ проект предводен од Life e.V. (Германија) и имплементиран во соработка со Agenzia Regionale per il Lavoro, la Formazione e l’Accreditamento (Италија), АРНО (Северна Македонија), GINNlab Goethe-Institut Innovation Lab (Италија), Goethe-Institut (Германија) и Scoala de Valori (Романија).