
Ирина присуствуваше на прославата на 10-годишнината на NGO Academy во Виена
Ирина, ко-основачка и претседателка на АРНО, неодамна учествуваше на значаен настан во Виена -прослава што ја одбележа 10-годишнината на програмата NGO Academy (НВО Академија). Овој настан го означи деценискиот социјален импакт на програма која се спроведува во Централна и Југоисточна Европа. Атмосферата во Виена беше весела и енергична, а настанот посетен од различни гости меѓу кои и истакнати личности од невладиниот сектор, професори, донатори, ментори и колеги –менувачи на светот. Овој собир оддаде почит на десетгодишната непоколеблива посветеност и заедничките напори за поттикнување позитивни промени во регионот.
Настанот започна со провокативниот TEDxDonauinsel Salon Impact. Прекрасните презентации и говори пренесоа приказни кои раскажаа за многу различни иницијативи од регионот. Дневната програма од настанот беше полна со инспирација, вклучувајќи ги TEDx сесиите и говорите по кои следеше прием по повод 10-годишнината од NGO Academy. Отворањето на вториот дел од настанот беше проследено со официјални говори од значајни личности, Борис Марте од Фондацијата ЕРСТЕ и Мајкл Мајер од Економскиот Универзитет од Виена. Настанот беше проследен и со музички настапи во живо на познатите EsRAP и диџеј Пироманија, придонесувајќи за незаборавна и празнична атмосфера.
Но, годишнината на програмата се одбележа и на друг начин. Паралелно со прославите, беше објавено и интервјуто на Ирина и Тамара, кои ја претставуваат 10-тата генерација на NGO Academy. Во интервјуто тие ги споделуваат искуствата од програмата и интересната приказна за играта која пропатува рута од 1560 километри (од Риека преку Виена до Скопје). За да дознаете повеќе, можете да го проследите интервјуто достапно на овој линк.
За исксутвото од оваа програма и за самото интервју Ирина изјави: „Да се биде дел од заедницата на NGO Academy е повеќе од обично „хм припаѓам во групава“; NGO Academy e платформа каде граѓанските организаци го добиваат признанието што навистина го заслужуваат. Ако го погледнете интервјуто, ќе забележите колку ширико се смеам, и од срце. Програмата и прекрасните луѓе со кои се сретнав ме веселат и си велам- Фала што постојат и што ги запознав. “
АРНО е гордо што Ирина присуствуваше на овој настан*, и како индидвидуалец- и во име на органзиацијатa, Нејзиното присуство ја симболизира посветеноста на АРНО за градење на своите капацитети, вмрежување, учење и славење на се’ што е добро и што е вистинско постигнување, без разлика кој го имплементира, која и да е организација или индивидуа од „семејството на NGO Academy”.
*Повеќе фотографии од настанот погледнете во галеријата долу.