
АРНО учествуваше на Глобална недела на претприемништво (ГНП) 2022
Во рамки на Глобалната недела на претприемништво (ГНП) 2022 која се одржуваше во период од 14-20 ноември, АРНО учествуваше со онлајн работилница: „Вовед во пристапот на дизајнерско размислување за социјални претприемачи”.
АРНО е една од првите организации во Македонија која го воведе овој пристап на дизајнерско размислување или како да размислуваш како дизајнер, како нов во плејадата на разговори и практики за социјалното и зеленото претприемништво.
Работилницата за дизајнерско размислување ја водеа Ирина Јаневска и Марјан Ицоски кои имаа и гостин соговорник- Марјан Николовски, кој живее и работи во Данска.
Марјан Николовски има 10+ години работно искуство со луѓе, концепт и развој на бизниси и има неколку меѓународни дипломи од различни дански универзитети, каде најновата е магистерска диплома во Организациски иновации и претприемништво од Бизнис школата во Копенхаген.
Учесниците на оваа работилница имаа можност да ги научат принципите на дизајнерското размислување со фокус на претприемништвото како моќна алатка за правење добро во светот.
Низ интерактивна презентација се направи рефлексија на социјалните претпријатија и локалните приказни, учесниците на работилницата имаа можност да го разберат начинот на размислување на претприемачите и како тој може да иницира социјални промени. Оваа работилница имаше за цел дополнително да ги мотивира учесниците да ги истражат основните принципи на социјалните иновации, креирањето производи и услуги, нивното прототипирање и имплементирање во реалноста.
Работилницата наиде на голем интерес и учество. На овој линк можете да го погледнете видеото од преносот во живо на Фејзбук.