ДАРУВАЊЕ:#Global Donut Days
АРНО го одбележува Светскиот ден на модел на крофна економија со тематско дарување (giveaway)! 🎉 Подаруваме садливи картички од нашиот проект за циркуларна економија*. Слоганот за Светскиот ден на крофна економија е „Локално делување, светско поврзување.“
Даруваме садливи картички кои се рачно изработени од локална уметница (македонски зелен бизнис) преку рециклирање на хартија и печатење со еко-бои. Картичките се садат затоа што внатре имаат семчиња од цвеќето пркос.
За да добиете картичка, бидете брзи! Принципот е прв пријавен-прв услужен. Имаме околу 100 картички за делење, пркоси за садење и уживање.
Правилата се следни:
🌱: Споделете ја објавата во вашите stories (и секако означете не)
🌱: Означете пријатели во коментар и
🌱: Пополнете го формуларот “ДАРУВАЊЕ:Global Donut Days:”
Доколку сте добитник, ќе ви пратиме информации од каде да ги подигнете картичките (ако не сте од Скопје, напишете адреса за испорака во формуларот).
Зошто модел на крофна? Нашето лого, тркалцето што се врти, симболизира многу работи, вклучувајќи ја и клучната порака на крофна економијата: надворешниот круг ги означува еколошките граници, а внатрешниот круг ги вклучува луѓето. Моделот на крофна економија промовира економски развој што обезбедува основни потреби за сите луѓе без да ги надминува еколошките граници на планетата. Сите сме во кругот – приклучете се и вие! 🌱♻️
* Проектот „Граѓанското општество и младите за инклузивен и одржлив развој преку циркуларна економија во Северна Македонија“ е финансиран од Европската Унија. Лидер на проектот е Луѓе во потреба People in Need (ПИН), во партнерство со АРНО, LEAD- Leaders for Education, Activism and Development(LEAD), и Ековита.