
АРНО го одбележува членството во мрежата RREUSE со силна заедничка заложба
Во април 2025 година, АРНО со гордост стана членка на мрежата RREUSE, приклучувајќи се кон заедница на организации од цела Европа кои ја промовираат циркуларната економија преку социјални претпријатија. Иако тогаш немавме можност да го прославиме овој чекор, денес со задоволство го споделуваме првиот значаен резултат од нашето членство – и тој е навистина моќен.
Преку новообјавениот позиционен документ „Унапредување на одржливото управување со ресурси преку Актот за циркуларна економија“, креваме глас заедно со илјадници други. Овој документ совршено ги одразува нашите вредности и покажува колкав ефект можат да имаат социјалните претпријатија во создавањето праведна, циркуларна и инклузивна економија.
„Социјалните претпријатија играат клучна улога во спречување на отпад, собирање, (подготовка за) повторна употреба и рециклирање, а истовремено создаваат значајни општествени и економски бенефити.“
✅ Секоја година, членовите на RREUSE собираат над 1 милион тони предмети
♻️ Речиси 70% се пренасочуваат од депонии
👷 Во просек се создаваат 70 работни места на секои 1.000 тони материјал собран за повторна употреба
💶 Се генерира годишен приход од над 1 милијарда евра
Овие бројки не се само импресивни – тие ја потврдуваат трансформативната моќ на циркуларната економија заснована на солидарност, еколошка правда и инклузија.
Позициониот документ упатува повик до носителите на одлуки на ЕУ и на национално ниво да:
🔺 Ги приоретизираат повисоките нивоа од хиерархијата на отпад
🪙 Го почитуваат принципот „загадувачот плаќа“
🤝 Ja заштитат и унапредат улогата на социјалните претпријатија
👉 Прочитајте го целиот докумeнт тука: https://lnkd.in/eRysGqQE
Претстојниот Акт за циркуларна економија е ретка можност за создавање поодржлива Европа – не само преку подобро управување со отпадот, туку и преку спречување на неговото создавање. АРНО со гордост стои рамо до рамо со своите партнери од RREUSE и придонесува кон оваа заедничка мисија.
АРНО во моментов ја спроведува Академијата за циркуларна економија, каде наскоро очекуваме Демо ден на кој 8 од 12 граѓански организации ќе добијат по 8.000 евра за развој на своите бизнис-идеи. И секако, целосно сме посветени и на нашиот новоотворен Центар за поправки „Ништо ново“ кој за краток период беше посетен од над 100 граѓани кои беа вклучени во поправки.