Академија за циркуларна економија – пријавете се за учество image

Академија за циркуларна економија – пријавете се за учество

„АРНО“ објавува Повик за учество во „Академија за  циркуларна економија“- активност која се спроведува во рамки на проектот „Граѓанското општество и младите за инклузивен и одржлив развој преку циркуларна економија во Северна Македонија“, финансиран од Европската Унија.

Академијата е седум месечна програма наменета за граѓански организации кои сакаат да развијат иновативни идеи и циркуларни бизнис модели или да го зголемат своето знаење и капацитети во циркуларната економија.

Што нуди Академијата?

  • Едукативни модули: 10 групни сесии (онлајн и офлајн) за запознавање со концептот на циркуларна економија.
  • Менторски сесии: Индивидуално менторство
  • Тематски експертски сесии: Работа со експерти за проценка на изводливоста и одржливоста на вашите идеи
  • Вмрежување и споделување на искуства: Можност за промоција на вашите идеи
  • Грантова шема: 8 од 12 граѓански организации ќе добијат грантови до 8.000 евра за реализација на своите идеи.

На повикот можат да аплицираат граѓански организации основани најмалку 12 месеци пред официјалниот датум на отворање на повикот за апликации. Апликантите треба да имаат прототип или иновативна идеја за циркуларен бизнис модел и можност за редовно учество на Академијата.

За да аплицирате треба да ја пополните следната ПРИЈАВА и заедно со пропратната документација да ја испратите на arno.mkd@gmail.com најдоцна до 27 октомври 2024. Пред да аплицирате ве молиме прочитајте го внимателно целиот Повик (кликнете на линкот)

АРНО ќе организира хибридна инфо-сесија во Скопје и на платформата Zoom. Датумот и местото на одржување на инфо сесијата ќе бидат дополнително објавени.

Зошто ваков пристап и дали сте вие правите апликанти?

Од она што го знаеме, оваа иницијатива е пионерска во циркуларната економија во нашата земја и затоа бараме визионерски умови подготвени да учат/одучат работи, подготвени да иновираат во услови, закони и можности што ги имаме во земјата. АРНО верува дека само преку знаење можеме да стигнеме до иновации и бизнис модели кои се остварливи и успешни, затоа програмата е повеќемесечна и се фокусира на знаење, на кое следува финансиската поддршка.

Академијата има за цел и да создаде една заедница на зелени претприемачи, експерти и ментори кои и во иднина ќе си бидат поддршка едни на други.  Така, вистинските апликанти се сериозни и посветени за учество во повеќемесечна програма, отворени за учење и соработка.

Само заедно и само вака веруваме дека одиме чекор понатаму кон позелена, поодржлива македонска иднина.

За повеќе информации и инспирација, следете нѐ на социјалните мрежи и редовно посетувајте ја нашата веб страница.

—————

Проектот „Граѓанското општество и младите за инклузивен и одржлив развој преку циркуларна економија во Северна Македонија“ е финансиран од Европската Унија. Лидер на проектот е Луѓе во потреба (ПИН), во партнерство со АРНО, Лидери за Едукација, Активизам и Развој (LEAD),  и Ековита.

Сподели на социјалните мрежи