Дополнителни кулинарски активности-дознајте што има ново од нашата кујна image

Дополнителни кулинарски активности-дознајте што има ново од нашата кујна

Во завршниот дел на проектот „Часови за готвење слоу фуд“ се реализираше обука за учениците водена од Петар Шокаревски во просториите на „Лазар Танев“.  На ова работилница учениците имаа предизвик да се натпреваруваат меѓу себе во приготвување на храна   која подоцна беше дегустирана на  заедничкото дружење со партнерите и сите вклучени соработници во овој проект.

На 15.03 2019  на барање на дел од учесниците од третиот час за готвење тимот на АРНО организираше пилот тим-билдинг готвење. На овој час, повторно на барање на учесниците, решивме да ги споиме  италијанската и македонската традиционална храна и под инструкции на шеф Антонио Ѓорѓиевски се приготвуваа  пици и пастрмајлии.

На наше големо задоволство учесници на овој час беа ученички од Америка кои една година престојуваа во Македонија како дел од програмата за размена на студенти што ја спроведува организацијата „Американски совет за интернационално образование“.

Сподели на социјалните мрежи