
Часови за готвење Слоу Фуд-социјално претпримеништво на менито
Водени и инспирирани од слоганот „кул е да си кулинар“„АРНО“ во соработка со здружението за заштита, промоција и едукација за храна „Слоу Фуд Водно“, како и долгогодишниот партнер СУГС „Лазар Танев“ ја организираше иницијативата „Социјално претприемништво на менито- Часови за готвење слоу фуд“.
Преку имплементирање на комерцијална понуда „Часови за готвење слоу фуд“ како иновативен концепт за социјално претприемништво кој промовира квалитетно стручно образование и промоција на локална слоу фуд храна и произведувачи, проектот има за цел да ги зајакне капацитетите на самофинасирање на ГО преку подигање на јавната свест и свеста на приватниот сектор за социјалното претприемништво, а исто така и да придонесе кон збогатување на неформалните пристапи и практики во подобрувањето на локалната економија.
Иницијативата се состои од организација на 5 часови за готвење, в периодот од декември 2018 до март 2019, секој со различна слоу фуд тематика, актуелна во периодот на одржување на часот, и тоа:
„Социјалното претприемништво е поинаков бизнис модел, се генерира профит кој се користи за социјалната мисија. Уште од своето основање во 2013-та година „АРНО“ се залага за промоција на овој бизнис модел, докажувајќи дека има рецепт кој функционира на пазарот и им помага на младите. “
Потребата за одржливост на ГО наспроти смалениот број на повици од донатори, е евидентна. Генерирањето приход од економски активности е предизвик, имајќи предвид каква е бизнис климата во Македонија. Затоа, поддршката за вакви иницијативи кои се иновативни и ориентирани кон пазарот, а истовремено во себе обединуваат широк социјален импакт е особено значајна.
Неможноста на помалите организации да аплицираат на поголеми ЕУ фондови е инхибирачка. Понатаму, организациите кои не ги менуваат своите стратешки цели со новите повици од донатори се се помалку. Затоа ова партнерство беше изградено врз основа на силните и јасни вредности кои ги имаат организациите.“
„Преку продажба на часови за готвење, нудење на тим-билдинг активности за компании и организирање на кулинарски туристички тури инвестираме во стручното образование и влијаеме на младинската невработеност. “
Овој проект е финансиран од програмата за доделување грантови на проектот „Промени за одржливост“ финансиран од Европска Унија, а спроведуван од Конект во партнерство со фондација Аполонија и Центарот за даночна политика.
