Средба која ветува – RISE учесници и експерти image

Средба која ветува – RISE учесници и експерти

Само неколку дена пред пристигнувањето на новата година RISE патешествието донесе тројца експерти пред идните млади претприемачи. Средбата се одржа онлајн, а пред учесниците беа презентирани инспиративни искуства и совети.

Наши гости беа Бојан Кордалов – виш специјалист за комуникации, Олга Рајчиќ-ко-основачка на Challenger и Елена Донева, ко-основачка на Контура. Посветувајќи го своето време и знаење, и ислушувајќи ги идеите на нашите учесници тие покажаа дека во нашата земја постојат вистински филантропи. Со нив споделија таргетиран фидбек и волја да помогнат во понатамошната доработка на идеите. Оваа средба даде можност на учесниците за прв пат да ги споделат своите идеи со некој надвор од нашата организација. А со тоа нам не’ направија горди што ги избравме токму нив и нивните уникатни идеи.

До скоро со нови АРНИ вести!

Сподели на социјалните мрежи