
Создавање работни места за 21 век: Истражување за работничка демократија и сопственост на вработените
АРНО заедно со Институтот за економска демократија од Словенија изработи истражување „Креирање работни места за 21 век: Работничка демократија и сопственост за продуктивност и задржување на младите“ кое нуди корисни информации и добри практики за моделот на сопственост на вработените (ЕСОП).
Подготвивме детална анализа за тоа како економската демократија може да придонесе кон создавање одржливи и правични работни места, со посебен фокус на искуствата од Словенија и Македонија. Истражувањето дава увид во:
– Како моделот на сопственост на вработените придонесува за подобрување на продуктивноста и долгорочно задржување на младите таленти
– Успешни примери од Словенија кои можат да послужат како инспирација за нашата економија
– Предизвиците и можностите за имплементација на ЕСОП моделот во Македонија.
Ви препорачуваме да го прочитате истражувањето и да се запознаете со перспективите за идниот развој на овој модел во нашата земја.
🔗 Прочитајте го истражувањето овде https://drive.google.com/file/d/1bnFDy_xc24E3B9ots6nKYuyFLjKmqbhx/view?usp=sharing
Наскоро ќе објавиме повик за онлајн обуки, каде што сите заинтересирани ќе имаат можност да се запознаат подетално со оваа тема. Следете нè за повеќе информации!
Заедно чекориме кон поправедна и поодржлива економија!
Проектот „Обликување на иднината на трудот: младинска демократска работна средина за општествени промени“ е имплементиран од Институтот за економска демократија – Словенија (координатор) и Здружението за социјални иновации „АРНО“ – Северна Македонија. Проектот е финансиран од Програмата Еразмус+ на Европската Унија. Преку овој проект се развиваат различни активности и ресурси за промовирање на модели на сопственост на вработените, демократско управување и социјални иновации, овозможувајќи им на младите активно да учествуваат во обликувањето на иднината.