Паркури за иднината: Тестирање на иновативна методологија image

Паркури за иднината: Тестирање на иновативна методологија

На 7 април 2025 година, во СУГС „Раде Јовчевски – Корчагин“ во Скопје, АРНО го реализираше првото пилот-тестирање на иновативната методологија развиена во рамките на проектот „Паркури на иднината“ (PAFF). Повеќе од 40 ученици учествуваа во дигитални и физички “станици” со цел да се подигне свеста за зелените и дигиталните професии, одржливоста и родовата еднаквост.  Учениците креираа бургери со најмал еколошки отпечаток, правеа стратегии како да го убедат повисокиот менаџмент да донесе зелени одлуки, дознаа која е темната страна на паметните телефони, се запознаа со достигнувањата на Фрида Кало,  Малала Јусуфзаи и многу други.

Методологијата „Паркури за иднината“ вклучува тематски „станици“ што ги поттикнуваат младите да размислуваат критички и креативно за предизвиците на иднината. Преку гејмификација, учениците се запознаа со концепти како што се:

  • зелена транзиција и одржлив развој
  • дигитални професии и вештини
  • родова еднаквост во кариерниот избор

Методологијата е инспирирана од урбаното движење паркур и има за цел да ги вклучи младите во интерактивно учење, поттикнувајќи свесност и активна улога во изградбата на подобра иднина.

Настанот претставува важен чекор во имплементацијата на проектот, кој понатаму ќе продолжи со нови тестирања и ресурси за наставници.

Проектот „Паркури за иднината“ е финансиран од Еразмус+ и го води Life e.V. (Германија), во партнерство со Agenzia Regionale per il Lavoro, la Formazione e l’Accreditamento (Италија), АРНО (Северна Македонија), GINNlab Goethe-Institut Innovation Lab (Италија), Goethe-Institut (Германија) и Scoala de Valori (Романија).

Сподели на социјалните мрежи