Одржана работилница на Младинскиот Форум на СОС Детско село image

Одржана работилница на Младинскиот Форум на СОС Детско село

На 6-ти октомври во просторите на Jавна соба, Скопје се одржа вториот ден од  Младинскиот Форум, организиран во рамки на проектот „Зајакнување на младите преку нови можности“ (YEEP) кој го имплементира  СОС Детско село. По покана од организаторот, и на големо задоволство на тимот на АРНО, во рамки на вториот ден се одржа и  работилницата „Социјално претприемништво од А до Ш, со design thinking примери”. 

Ирина Јаневска и Марјан Ицоски од АРНО, на присутните (преку секоја буква од „Бушавата азбука“) им ги пренесоа  основните поими за социјално претприемништво, и споделија примери за социјални и зелени бизниси од нашата земја, и посочија како може да се користи алатката на „дизајнерско размислување“ кога се размислува за социјалните бизниси. 

На самата работилница учествуваа над 10 учесници кои покажаа огромен интерес за работилницата и активно се вклучија во дискусиите. За повеќето учесници ова беше прв пат да се сретнат со оваа методологија и истата успеа да ги инспирира да размислуваат за нивни следни претприемачки чекори. Во завршниот дел од работилницата, Марјан и Ирина ги најавија тековните можности за градење на капацитетите на младите социјални претприемачи: 

Сите учесници на работилницата добија бесплатни садливи еко-картички кои се промотивен материјал на проектот „Социјални претпријатија за економски развој и социјална инклузија“ и се продукт на локален зелен и креативен бизнис кој АРНО традиционално го поддржува.

Во галеријата можете да погледнете дел од фотографиите од оваа работилница.

Наши поддржувачи
Rockefeller European commission UNFPA UNDP Social Impact Award Erasmus RYCO French Developement Agency Национална Агенција за образовни програми и мобилност МК