Донаторско Матине со Антонија Локвенец и Конект image

Донаторско Матине со Антонија Локвенец и Конект

Како дел од серија  настани и филантропски активности, кулинари.мк се најдоа во изборот на иницијатива за донација. Младата инфлуенсерка и филантропка Антонија Локвенец во рамки на иницијативата #донирајпаметно организираше еднодневен настан- Донаторско матине , во соработка со Конект и Markt Kitchen.

Во рамки на оваа иницијатива, во периодот од 19.10 – 19.11.2019 Markt Kitchen изготви  посебно мени, а целиот профит од новото „АРНО cookie“ и смути беше  дониран во “АРНО” и  проектот кулинари преку кој им помагаме на учениците-готвачи со помалку можности од СУГС “Лазар Танев”. Донацијата помогна  да се набави многу потребната опрема, што за овие млади готвачи е еден од основните фактори за понатамошно успешно школување.

Сите учесници добија униформа направена по нарачка, дополнително извезена со нивното име.

Учениците беа многу задоволни и ветија дека гордо ќе ги носат униформите, ќе инвестираат и веруваат во својата кариера.

Сподели на социјалните мрежи