„Гастрономска мапа на Западен Балкан“- на нашето мени уште еден вкусен проект
„Гастрономска мапа на Западен Балкан“ е проект кој има за цел да ги мапира регионите каде има традиционална подготовка на балкански јадења. Проектот е инициран и го координира граѓанската организација „Генератор“ од Врање во соработка со: „АРНО“ од Скопје, „КЦИЦ“ од Гњилање и „Бона Фиде“ од Пљевља, со поддршка на Фондот на Западен Балкан .
Овој проект исто така презентира нетипични категории на локалното население кои ги зачувуваат локалните гастрономски традиции, како млади готвачи- идни балкански фјужн (fusion) готвачи (ученици-готвачи од СУГС „Лазар Танев“ и дел од проектот „Кулинари“), женски професионалци и високо-едуцирани жени, жртви на домашно насилство, обожаватели на рокенрол, како и типичните зачувувачки на традицијата- жени активни во малцински здруженија на жени.
Во рамки на настаните во Скопје, храната ја подготвуваат млади готвачи-професионалци кои подготвија рецепти од поширокиот регион. (нашите кулинари.мк).
Покрај работилниците за готвење и јавна дегустација, овој проект ќе резултира со објавување на книга-готвач, 8 видеа за готвење и 5 разгледници со мапи на 5 специфични јадења: ајвар, гулаш, штрудла, пита итн.
Преку овој проект ние сакаме да ја зајакнеме регионалната соработка и редовната комуникација, како начин за позитивни и конструктивни решенија за различните регионални конфликти.