АРНО учествуваше на саем на граѓански организации и социјални претрпијатија
На 24.09.2022 во паркот пред Дом на АРМ зад музејот „Мајка Тереза” се одржа саемот на граѓански и социјални претпријатија. На саемот кој што беше организиран од Цивика мобилитас и Центарот за социјални претпријатија учествуваа повеќе од 110 граѓански организации и социјални претпријатија од целата земја кои ги претставија своите активности и резултати пред заинтересираните граѓани. Програмата започна во 10 часот со неколку настапи од танцовни групи и настап на Кристијан Шопов и неговото магионичарско шоу во духот на социјалното претприемништво. На настоно се обратија: Вероник Улман –амбасадорката на Швајцарија, Дејвид Гир -амбасадор на ЕУ, Фатмир Битиќи-заменик на претседателот на владата задолжен за економски прашања и координација на економските ресори и инвестиции и Барбара Садовска- тим лидерка на ЕУ проектот „Поддршка на социјалните претпријатија“.
Тимот на АРНО оваа година учествуваше на саемот презентирајќи дел од актуелните проекти како и резултатите од завршените проекти:
- Во рамките на проектот INN@SE, АРНО изработи прирачник за социјално претприемништво кој беше презентиран на посетителите на саемот и истите имаа можност да ги остават своите податоци за да добијат бесплатна електронска верзија.
- Заинтересираните граѓани се пријавуваа да го играат и бингото за социјално претприемништво каде за победникот следуваше и симболична награда
- Најголемо внимание на штандот на АРНО привлекуваше Design thinking кутијата. Во оваа кутија на ливчиња во различни бои преку методологијата на 6-те шешири граѓаните го пишуваа своето мислење и помагаа во тестирање на идејата Click & Pick. Click & Pick е место (онлајн документ) за добивање информации за социјалното претприемништво од Македонија- концепт на услуга развиена од АРНО во соработка со повеќе колеги од други ентитети. Иницијативата се состои од онлајн документ (кој ќе стане веб платформа во иднина) со бесплатен пристап до информации за социјално претприемништво (отворени повици, истражувачи, настани, прирачници итн.).
Тимот на АРНО одлично се забавуваше и дружеше со сите посетители и колегите од другите штандови. Дел од атмосферата можете да видите преку фотограграфиите во галеријата.