SEED – Проект за развој на образование за социјалното претприемништво image

SEED – Проект за развој на образование за социјалното претприемништво

Датум

2020 - 2022

Донатори

E+ (Европска Комисија)

Партнери

АРНО (Координатор), СУГС „Раде Јовчевски Корчагин“-С. Македонија, „Прва Сушачка Гимназија“ - Хрватска, гимназија „Лиздеикос“-Литванија и здружението „Go Green “ - Белгија

Клучни зборови

образование, филантропија, ООП, социјално претприемништво, млади

Како одговор на ефектите од економската криза, ограничените јавни буџети и магнитудата на  идните предизвици, како приоритетна политика во Европската Унија се појави социјалното претприемништво и општествената одговорност на претпријатијата. Сепак, претприемничкото образование не го рефлектира соодветно овој тренд. Новите генерации треба да учат за  новите бизнис модели кои го рефлектираат социјалното претприемништво и инвестирањето назад во заедниците преку корпоративна општествена одговорност и филантропија. Проектот SEED е дизајниран да им овозможи на учениците да станат идни социјални претприемачи. Но, и да ја препознаат важноста и улогата на заедниците и да се препознаат нови, одржливи пристапи во бизнисот и образованието. Преку проектот SEED, младите луѓе ќе учат основни вештини за водење бизнис, а исто така ќе учат и за филантропија, креативност, лидерство и тимска работа.

Контекстот на проектот е успешната приказна на веќе изграденото партнерство со училиштата и преносот на техничко знаење кој го предводат две граѓански организации- АРНО и GoGreen од Белгија.

Главната цел на SEED проектот е да го доближи уште поблиску претприемничкото образование до учениците преку нудење на знаења и вештини за новиот бизнис модел на социјални претпријатија како дел од училишниот предмет „Претприемништво“, кој се предава во 3-те училишта (Хрватска, Литванија, Северна Македонија).

Од проектот издвојуваме: Промотивниот материјал на проектот се садливи картички со семиња направени од македонски зелен бизнис кој  го води локална дизајнерка.