SEED – Проект за развој на образование за социјалното претприемништво
Датум
Донатори
Партнери
Клучни зборови
Како одговор на ефектите од економската криза, ограничените јавни буџети и магнитудата на идните предизвици, како приоритетна политика во Европската Унија се појави социјалното претприемништво и општествената одговорност на претпријатијата. Сепак, претприемничкото образование не го рефлектира соодветно овој тренд. Новите генерации треба да учат за новите бизнис модели кои го рефлектираат социјалното претприемништво и инвестирањето назад во заедниците преку корпоративна општествена одговорност и филантропија. Проектот SEED е дизајниран да им овозможи на учениците да станат идни социјални претприемачи. Но, и да ја препознаат важноста и улогата на заедниците и да се препознаат нови, одржливи пристапи во бизнисот и образованието. Преку проектот SEED, младите луѓе ќе учат основни вештини за водење бизнис, а исто така ќе учат и за филантропија, креативност, лидерство и тимска работа.
Контекстот на проектот е успешната приказна на веќе изграденото партнерство со училиштата и преносот на техничко знаење кој го предводат две граѓански организации- АРНО и GoGreen од Белгија.
Главната цел на SEED проектот е да го доближи уште поблиску претприемничкото образование до учениците преку нудење на знаења и вештини за новиот бизнис модел на социјални претпријатија како дел од училишниот предмет „Претприемништво“, кој се предава во 3-те училишта (Хрватска, Литванија, Северна Македонија).
Од проектот издвојуваме: Промотивниот материјал на проектот се садливи картички со семиња направени од македонски зелен бизнис кој го води локална дизајнерка.