Партнер за имплементација на  УНФПА image

Партнер за имплементација на УНФПА

Датум

2017

Донатори

AРНО (Координатор), Y-PEER Македонија (партнер)

Партнери

Фонд за население на Обединетите Нации (УНФПА)

Клучни зборови

агенда 2030, одржлив развој, застапување, млади

Во 2017 година „АРНО“ стана партнер за имплементацијата на активности во рамки на компонентата млади од годишниот план на националната канцеларија на Фондот за население на Обединетите Нации (УНФПА).

Во рамки на ова партнерство, во соработка со младинската мрежа на граѓански организации Y-PEER Македонија, се спроведоа серија на работилници за јакнење на капацитетите на младите и градење на нивните вештини за застапување, се одржа и конференцијата „Млади, мир и безбедност “ и се спроведе и кампањата  „И мажите можат“ . 

Во финалната фаза од проектот беа ангажирани консултанти за изработка на документ- ситуациона анализа „Воведување на формално сеопфатно сексуално образование во Република Македонија: предизвици и можности “. По изработката на нацрт-документот, со цел отворање на национална дискусија и финализирање на документот, беше организирана средба со засегнатите страни.

Од проектот издвојуваме: Националната конференција беше отворена од министерката за одбрана, со инспиративен говор за градење на мирот и целите за одржлив развој. Во своето обраќање пред младите учесници, таа ја артикулираше нејзината лична и професионална перспектива за мирот, безбедноста и улогата на младите. Конференцијата ја нагласи важноста на резолуцијата 2250 на ООН која е првата резолуција (донесена 2015-та година) целосно посветена на признавање на важноста на вклучувањето на младите луѓе во обликувањето и одржувањето на мирот.