Гастрономска мапа на Западен Балкан image

Гастрономска мапа на Западен Балкан

Датум

2019 - 2020

Донатори

Фонд Западен Балкан

Партнери

“Генератор” – Врање, Србија (Координатор) и партнери: “АРНО” – Скопје, С. Македонија, “КФИЦ” – Гнилане, Косово и „Бона Фиде“ – Пљевља, Црна Гора.

Клучни зборови

млади, помирување, храна, готвење, Западен Балкан

„Гастрономска мапа на Западен Балкан“ е проект кој има за цел да ги мапира регионите каде има традиционална подготовка на балкански јадења. Покрај работилниците за готвење и јавна дегустација во регионот, овој проект ќе резултира со објавување на книга за готвење, 8 видеа за готвење и 5 разгледници со мапи на 4 специфични јадења: ајвар, гулаш, штрудла и пита. Овој проект презентира нетипични категории на локалното население кои ги зачувуваат локалните гастрономски традиции, како млади готвачи- идни балкански фјужн (fusion) готвачи (ученици-готвачи од СУГС „Лазар Танев“ и дел од проектот „Кулинари“), женски професионалци и високо-едуцирани жени, жртви на домашно насилство, обожаватели на рокенрол, како и типичните зачувувачки на традицијата  (жени кои се активни во малцински здруженија за жени).

Од проектот издвојуваме: Во октомври 2019 беше организиран настан „Дегустација на традиционална храна“ на кој младите готвачи од програмата „Кулинари“ (ученици од СУГС „Лазар Танев“) подготвија традиционални јадења од Балканскиот регион кој беа достапни за дегустација од страна на бројните посетители.

Видеа од проектот