Ние сме AРНО,
ние правиме добро!

Можете ли да замислите иднина во која сите ние ги споделуваме ресурсите и константно го подобруваме светот во кој живееме? Свет во кој сите луѓе делуваат заедно со една цел – да создадат подобра иднина. Ние можеме!
Затоа, ајде да ви раскажеме една добра приказна. Приказна исполнета со посветеност и креативност. Приказна за нас.

Вклучи се!

https://arno.org.mk/mk/proekti/zeleni-idei/

Зелени идеи

Имаш идеја за бизнис модел во кој во центарот се поставени еколошки и социјални цели? Идеја што ќе помогне светот да стане подобро место? Не го пропуштај крајниот рок од следното издание на натпреварот за зелени идеи- дознај повеќе за програмата и започни со подготовки на време.

Дознај повеќе
https://arno.org.mk/mk/proekti/regionalen_incubator_za_socijalni_pretpriemaci/

Регионален инкубатор за социјални претприемачи

Проектот RISE верува дека младите од Западен Балкан се талентирани и полни со иновативни идеи- желни да ги остварат. Токму затоа и сакаме да ги поддржиме младите и нивните социјални претпријатија кои ќе направат регионот подобро место. RISE се фокусира на соработка, размена на идеи и врсничко учење.

Дознај повеќе
https://arno.org.mk/mk/proekti/s-t-r-e-t-%d0%bf%d0%b0%d0%ba%d0%b5%d1%82-%d0%b0%d0%bb%d0%b0%d1%82%d0%ba%d0%b8-%d0%b7%d0%b0-%d0%bf%d1%80%d0%be%d1%84%d0%b5%d1%81%d0%be%d1%80%d0%b8/

S.T.R.E.T – Пакет алатки за професори

Се радуваме на можноста да им обезбедиме на професорите алатки за предавање на темите „Социјално претприемништво“ и „Филантропија“-алатки кои се едукативни и забавни. Кликнете подолу за да истражите нови методологии и содржини за вашиот предмет, или поврзете се со нас за не’ поддржите.

Дознај повеќе
We are ARNO

Ние сме

AРНО

АРНО значи ‘добро’. Овој збор нѐ води во сѐ што правиме. Тој е причината зошто правиме добро, зошто сакаме да го видиме доброто во другите и зошто сакаме да бидеме доброто во нашето општество.

Ние знаеме дека разликата помеѓу „добро“ и „подобро“ е волјата. Затоа нашиот тим е создаден од бистри и креативни умови со филантропски срца и големo искуство во различни индустрии. Тим кој кажува ‘не’ на обичното и „да“ на предизвиците. Ние сме страстни за нашите заедници и цели, но исто така имаме и знаење, мрежи и флексибилност, кои се клучни во поддржувањето на нашата страст. Ние веруваме дека ништо не е невозможно, треба само да се најде правилното решение. Тим кој има голема волја да работи за нашите заедници и цели, но исто така има и знаење и флексибилност, кои се клучни во поддржувањето на нашата волја.

Ние веруваме дека ништо не е невозможно, треба само да се најде правилното решение.

Ние во АРНО веруваме дека делата треба да зборуваат сами за себе. Затоа нашите иницијативи како: годишниот натпревар за зелени идеи, продажба на часови за готвење, соработка со професори и наставници по претприемништво, менторство за социјални бизниси, инкубација на идеи за социјални претпријатија, работилници за вклучување на мажите во борбата за родова еднаквост, и многу, многу други се одлични примери за ова. Овие проекти и социјални интервенции ја истакнуваат нашата посветеност, подготвеност и способност да иновираме и да одговориме на социјалните предизвици.

Нашата работа е фокусирана

на 4 програмски области,

4 столбови за посветла иднина.

За вас, за нас, за сите.

Млади
Правиме добро

преку поддршка, вклучување и поттикнувањето на младите луѓе преку нашата

младинска програма

затоа што знаеме дека иднината е во нивни раце! Ние ја препознаваме нивната страст, креативност и капацитет да ги донесат промените кои се неопходни во светот во кој живееме. Преку работата со младите, ние ги охрабруваме да работат сложно за да придонесат кон социјални иновации и промени, и да учествуваат целосно во развојот на нивните заедници. Само преку усогласувањето со другите процеси и чинители и засегнати страни, може да обезбедиме соработка на сите нивоа за поддршка на младите.

Дознајте повеќе

Правиме добро

почитувајќи го балансот помеѓу природата и потребите на општеството, со нашата

програма за одржлив развој

затоа што знаеме дека економскиот развој треба да биде компатибилен со одржливоста на животната средина и социјалната правда. Светот постојано се менува, и наша цел е да направиме баланс помеѓу искористувањето на ресурсите, институционалните промени и насоката на инвестициите, за да може да ги задоволиме потребите на нашите заедници, денес и во иднината.

Дознајте повеќе

Одржлив развој
Правиме добро

преку креирање на можности за делување кои водат до живот исполнет со љубов и почитување, благодарение на нашата

програма за филантропија!

Филантропија значи донирање на искуство, финансиски ресурси и вештини со цел да се создаде подобро утре. Тоа е значајна движечка сила која ги подобрува заедниците во кои живееме, охрабрувајќи нѐ сите нас да разговараме за човекољубие и да станеме примери на филантропско однесување.

Дознајте повеќе

Филантропија

Ние сме AРНО,

ние правиме добро!

Добри вести

ОГЛАС ЗА РАБОТА ВО НИШТО НОВО-ИТНО image

ОГЛАС ЗА РАБОТА ВО НИШТО НОВО-ИТНО

Драги колеги, активисти, верувачи во поправки, циркуларна економија… Ни треба координатор(ка) за Центарот за поправки „Ништо ново“ до април, со надеж дека ќе ни помогне… […]

Read More…

Дознај повеќе
Учество на настан во Црна Гора-Патот до импакт економија image

Учество на настан во Црна Гора-Патот до импакт економија

На 10 декември 2025 година, во Подгорица, Црна Гора, во организација на АДП-ЗИД, се одржа настанот „Патот до импакт економија во Црна Гора“ (Pathfinding Event… […]

Read More…

Дознај повеќе
Регионална конференција на EICEE „Од иновации до импакт“ image

Регионална конференција на EICEE „Од иновации до импакт“

На 9 декември 2025 година, АРНО се приклучи на партнери, иноватори и креатори на политики од целиот Западен Балкан во Подгорица на регионалната конференција „Од… […]

Read More…

Дознај повеќе
АРНО на Impact Week 2025: трендови, вмрежувањa и насоки за иднината image

АРНО на Impact Week 2025: трендови, вмрежувањa и насоки за иднината

АРНО учествуваше на Impact Week 2025 во Малме, Шведска, заедно со европски фондации, инвеститори, социјални претпријатија, креатори на политики и градители на екосистеми кои ја… […]

Read More…

Дознај повеќе