Манифест

АРНО значи ‘добро’. Овој збор нѐ води во сѐ што правиме. Тој е причината зошто правиме добро, зошто сакаме да го видиме доброто во другите и зошто сакаме да бидеме доброто во нашето општество.

Ние знаеме дека разликата помеѓу „добро“ и „подобро“ е волјата. Затоа нашиот тим е создаден од бистри и креативни умови со филантропски срца и големo искуство во различни индустрии. Тим кој кажува ‘не’ на обичното и „да“ на предизвиците. Ние сме страстни за нашите заедници и цели, но исто така имаме и знаење, мрежи и флексибилност, кои се клучни во поддржувањето на нашата страст. Ние веруваме дека ништо не е невозможно, треба само да се најде правилното решение. Тим кој има голема волја да работи за нашите заедници и цели, но исто така има и знаење и флексибилност, кои се клучни во поддржувањето на нашата волја.

Ние веруваме дека ништо не е невозможно, треба само да се најде правилното решение.

Ние во АРНО веруваме дека делата треба да зборуваат сами за себе. Затоа нашите иницијативи како: годишниот натпревар за зелени идеи, продажба на часови за готвење, соработка со професори и наставници по претприемништво, менторство за социјални бизниси, инкубација на идеи за социјални претпријатија, работилници за вклучување на мажите во борбата за родова еднаквост, и многу, многу други се одлични примери за ова. Овие проекти и социјални интервенции ја истакнуваат нашата посветеност, подготвеност и способност да иновираме и да одговориме на социјалните предизвици.