ОГЛАС ЗА РАБОТА ВО НИШТО НОВО-ИТНО image

ОГЛАС ЗА РАБОТА ВО НИШТО НОВО-ИТНО

Драги колеги, активисти, верувачи во поправки, циркуларна економија… Ни треба координатор(ка) за Центарот за поправки „Ништо ново“ до април, со надеж дека ќе ни помогне околу нов проект и обезбедување средства за опстанокот на „Ништо ново“ и по завршување на EICEE проектот. 

Не бараме про-форма позиција, туку некој што навистина верува во ова и сака да изгради заедница и кој(a) дури и ако не добиеме проект, ќе помогне целиот концепт да продолжи врснички, волонтерски и обединувачки (со можност да се вклучат и други организации, спонзори и поддржувачи). За да опстане и да функционира во полн капацитет првиот Центар за поправки во Скопје (За кој имаме одличен фидбек и многу луѓе го обожаваат). 

Опис на позиција:

  • Фул тајм работа, дел од време мора да работи во „Ништо ново“ (сакаме да е отворен што е можно повеќе, локација Кисела Вода), дел од работно време- предмет на договор. Да се има предвид дека некогаш работилниците се по 17ч, или за викенд (за да бидат подостапни за граѓаните). 
  • Пишување проекти (заедно со тимот на АРНО: барање повици, смислување концепт, водење на процесот и верба во идејата). Веќе имаме разговори со амбасади и програми, и Ништо ново е препознаено. Оптимисти сме за идни поддршки. Затоа не ја гледаме позицијата само за до април. 
  • Вршење административни задачи (тајмшитс, извештаи, состаноци со регионални партнери).
  • Организација на работилници (бирање тема, контактирање инструктори, работа со дизајнер за објава, објава и промоција, контактирање учесници, вовед во работилница, расчистување по работилница, документација и објава на фотографии). Многу луѓе го сакаат „Ништо ново“ и за дел од работата очекуваме лицето да ги анимира и волонтерите кои ни се пријавени за помош. Инструкторите ни се веќе уходани и има помош и од соработничката одговорна за содржини. Нема да оди многу енергија на ова. 
  • Барање спонзори (сакаме да заживее Библиотеката на предмети, точењето на наливни средства и сл. – ни требаат фирми кои би понудиле осигурување, донација на детергенти и слично; имаме мапирани контакти и подготвени барања, потребни се состаноци и малку туркање).  Ова може и перспективно, зависи од тоа колку сила на повици ќе се инвестира. 
  • Нудење тим билдинг активности (делумно тестиравме, имаме неколку подготвени понуди и одлична реакција – поправките и пренамената се одлична активност за јакнење тимски дух и сакаме повеќе да се доближиме до приватниот сектор). Ова може и перспективно, зависи од тоа колку сила на повици ќе се инвестира. 
  • За работната култура и очекувањата од работењето во АРНО прочитајте повеќе во наш претходен оглас 

Профил на лицето:

  • Високо образование (поради позицијата координатор на ИПА проект), познавање на англиски јазик. 
  • Познавање на концептот (зошто поправки, зошто циркуларна економија, зошто ваков тип активизам).
  • Искуство во менаџирање проекти.
  • Искуство во пишување проекти за различни донатори (имаме Е+ партнерства, (не)успешни Е+ апликации како пример, Хорајзон барања за партнерства и контакти со амбасади кои сакаат да го поддржат „Ништо ново“).
  • Искуство во организација на работилници.
  • Самоиницијативност, работливост, динамичност, педантност и внимателност (особено поради работа со (опасни) алати), креативност и заљубеност во темата – ова мора да се сака, зошто веднаш се препознава ако мотивите се други.
  • Може лицето да е и од друга организација/и настапот на идни повици да ни е заеднички (сериозни сме дека Ништо ново треба да е на сите, активизам>егоизам). 

Детали за позицијата:

  • 1000 евра бруто плата (позицијата мора да биде пријавена на плата).
  • Ангажман јануари – април.
  • Аплицирање најдоцна до 25-ти декември 2025 (23:59), преку пополнување на следниот формулар

Огласите на АРНО се искрени, транспарентни и оддекнуваат далеку, но имајте предвид дека на еден оглас ни се пријавуваат и по 150 лица. Поради ограничено време и капацитет, само најтесниот круг кандидати ќе биде повикан на разговор, не си сфаќајте лично. Искрено ве молиме,  не аплицирајте само за да пробате, да се запознаеме, да преговарате за сумата (таа е донаторски дефинирана и буџетски затворена), да започнете од февруари и слично. Пишувајте искрено во формуларот – што знаете и што можете – за да не си трошиме време и нерви едни на други.

Фала на интересот и споделете со вистинските луѓе/организации кои можат да замислат долга и светла иднина на Ништо ново. Нема да врти реклама, се потпираме на вас-нашата заедница. И да итно е 🙂 Нашата новогодишна желба е да го најдеме новиот член на нашиот тим. Помагајте! 

Повеќе да поправаме и оправаме, заедно 

 

Сподели на социјалните мрежи