Можност за учество на завршна конференција за социјално претприемништво (16-ти март) image

Можност за учество на завршна конференција за социјално претприемништво (16-ти март)

Драги колеги од третиот сектор, драги новинари и (идни) социјални претприемачи,

АРНО  ги повикува сите кои се заинтересирани за социјалното претприемништво, да учествуваат на завршната конференција од прекуграничниот проект „Социјални претпријатија за економски развој и социјална инклузија“ на 16.03.2023 (четврток) во Europe House, Крива Паланка. Бидејќи имаме организиран превоз и секако одиме накај Крива Паланка, зачувавме неколку места за оние кои сакаат да добијат свежи информации за темата, да ги чујат резултатите од прекуграничниот проекти, да слушнат (за нас нови) преспективи на социјалната екомонија (регионална соработка, поголеми пазари). Секако, согласно нашите заложби за хоризонтални и вертикални соработки, конференцијата е шанса и да се запознаеме (доколку не се знаеме). Доколку сакате да присуствувате се што треба да направите е да го пополните овој краток формулар најдоцна до 14.03.2023 (вторник) до 17ч. 

Ве молиме очекувајте потврда од нашиот тим (со вклучена информација за место на поаѓање). Бидејќи настанот се случува надвор од Скопје, АРНО нуди организиран автобуски превоз од Скопје до Крива Паланка. Планирано е тргнување со автобус во 8ч и пристигнување во Крива Паланка во 10:15, додека враќањето е планирано истиот ден во 17ч

Сите трошоци се покриени.

Што ќе се случува на конференцијата?

  • Воведнo обраќање на Амбасадорот на Европска Унија на Р.С.Македонија г-н Дејвид Гир (чекаме дополнителна потврда);
  • Садење на еко-картички со семе од пркос (промотивен материјал на проектот);
  • Ќе се одржат  две панел дискусии каде ќе зборуваат актери од социјалното претприемништво на тема: „Можностите помеѓу двете страни на границата (Србија и С.Македонија)”. Меѓу говорниците ќе бидат: Барбара Садовска (тим лидерка на проектот на Ептица- Поддршка на социјалните претпријатија во С. Македонија), Нола Исмајлоска Старов (Национален координатор на регионална соработка и европски интеграции), Зорана Миловановиќ (Коалиција за развој на солидарна економија Р.Србија) и други;
  • Ќе имате и можност да ги слушнете и искуствата и идеите на наградените учесници на академијата за социјално претприемништво која се спроведе во рамките на овој проект.
  • Коктел и мала закуска за присутните, неформално вмрежување 

Проектот „Социјални претпријатија за економски развој и социјална инклузија“ се спроведува во партнерство на здруженијата “АРНО” од Северна Македонија, Оптимист од Република Србија и Tраг фондација (координатор) финансиран од Европската унија преку Секторот за договарање и финансирање на програми од средства на ЕУ на Министерството за финансии на Република Србија (ИПА 2 програма за прекугранична соработка Република Србија-Северна Македонија 2016-2020).

Сподели на социјалните мрежи