Социјални претпријатија за економски развој и социјална инклузија
Датум
Донатори
Партнери
Клучни зборови
Прекугранична Програма Србија-Северна Македонија, 2016-2020, IPA II
Социјалните претприемачи се носители на одржливиот, праведен и инклузивен развој. Тие директно придонесуваат за социјална и културна инклузија преку нивната работа со ранливите групи на граѓани и зближувањето на заедниците, и придонесуваат кон зголемување на социјалната кохезија и солидарност.
Целта на проектот е развој на поинклузивно општество преку зајакнување на социјалните претпријатија и поттикнување на нивната прекугранична соработка.
Проектот го промовира социјалното претприемништво и ги поттикнува меѓусекторските и прекуграничните вмрежувања помеѓу социјалните претпријатија, локалните бизниси и надлежните институции преку неговите главни активности: Академија за социјална економија (која ќе им помогне на социјалните претпријатија да го развијат својот бизнис модел и да го зголемат нивното зелено влијание), менторство за избраните социјални претпријатија, онлајн форум за вмрежување (со цел да се поттикне нивната меѓусебна комуникација), две конференции (во Србија и С.Македонија).
Од проектот издвојуваме: Академија за социјална економија
На Академијата ќе учествуваат 4 веќе постоечки социјални претпријатија и 8 нови социјално- претприемнички иницијативи и истата ќе има натпреварувачки карактер. Целта на Академијата е да им помогне на социјалните претпријатија да го развијат својот бизнис модел и да го зголемат нивното “зелено” влијание.
Завршна конференција (16.03.2023, Крива Паланка). Агенда овде