
Завршен настан на проектот STRET TT2
На 19 февруари 2025 година, во InnoX Innovation Center во Скопје, се одржа завршниот настан на STRET TT2 проектот “Иднината на наставата: Претприемништво, филантропија и дигитални алатки”, организиран од АРНО кој вклучи повеќе од 60 наставници од цела Македонија. Во фокусот на настанот беше промоцијата на сетот на прирачници* 📚 развиени во рамки на проектот. Покрај споделените прирачници, настанот стави фокус и на дискусиите и искуствата преку панел дискусија насловена како „Како да го промениме претприемничкото образование?“. За можностите за имплементирање промени во претприемничкото образование зборуваа: Љупка Панчевска, Џуниор Ачивмент Македонија (Junior Achievement Macedonia), Марина Пешовска, професорка од СУГС „Раде Јовчевски – Корчагин“ (РЈК) и Ирина Јаневска, претседателка на АРНО.
По дискусијата следеше интерактивна работилница „ Алатки за вештачка интелигенција во наставата“,организирана од програмата Клуб на наставници на Здружението Лидери за едукација, активизам и развој (ЛЕАД).
📚 *Сетот на прирачници вклучува:
📌 Наставна програма за интеграција на социјално претприемништво и филантропија во наставата – Надградена верзија на STRETT Toolkit, која нуди нови пристапи за активирање на учениците како граѓани што придонесуваат во заедницата. Оваа наставна програма е направена за да им помогне на наставниците полесно и поинтересно да го пренесат знаењето за социјалното претприемништво, општествената одговорност и филантропијата.
Програмата е поделена е во два дела:
1️⃣ Првиот дел покрива социјално претприемништво (СП) и корпоративна општествена одговорност (КОО) – тука се разработуваат теми како што се развој на мали бизнис идеи, водење ученички претпријатија и создавање позитивен социјален импакт.
2️⃣ Вториот дел е посветен на филантропијата, каде што учениците учат за значењето на солидарноста и улогата на заедницата.
📌 Водич за компетенции на претприемнички наставници – прирачник наменски создаден за наставниците кои сакаат да го збогатат своето знаење и да им помогнат на учениците во развивање на претприемничкии филантропскидух.
📌 Прирачник за дигитални алатки за наставници – Збирка на модерни методи и алатки кои го олеснуваат интерактивното учење. Во овој прирачник, наставниците ќе пронајдат јасни насоки за користење на дигитални алатки за настава, оценување и самоевалуација со фокус на платформите SELFIE и Digi.Comp.Edu за подобрување на дигиталните компетенции, како и насоки за лесно користење на дигитални алатки како: ChatGPT, Slack, Google Drive, Padlet, Canva, Mentimeter и слично.
📢 Прирачниците се бесплатни и истите можете да ги преземете тука.
Проектот „STRETT 2: Students Today Responsible Entrepreneurs Tomorrow – Teacher Toolkit“ се спроведува од Radviliskio Lizdeikos – Литванија (координатор), во партнерство со Istituto Istruzione Superiore Statale “Marini-Gioia” – Италија, Asociatia Scoala De Valori – Романија, СУГС „Раде Јовчевски – Корчагин“ – Северна Македонија и Здружение за социјални иновации „АРНО“ – Северна Македонија. Проектот е финансиран од Еразмус+ програмата на Европската Унија и има за цел да ги зајакне наставниците и младите преку развој на образовни ресурси насочени кон социјално претприемништво и филантропија.