
март 2, 2022
WB SEA Social Economy Lab- повик за учесници
АРНО е во потрага по 3-ца учесници/ки (млади, ентузијасти) за првата обука за застапување, градење партнерство и дигитално учење во социјалната економија како дел од Лабораторијата за социјална економија во рамките на проектот Младинска алијанса за социјална економија на Западен Балкан (WB SEA). Обуката ќе се одржи во Подгорица, Црна Гора од 27 март до 2 април 2022 година. Сите трошоци за патување, сместување и патничко осигурување се покриени со проектот. Краен рок за пријавување е 15 март. Целата објава за повикот (на англиски јазик) е достапна на овој линк