Студиска посета во Албанија -зелени идеи од Балканот
Од 6-ти до 11-ти ноември, во Драч-Албанија, АРНО учествуваше со двајца национални финалисти од натпреварот “Зелени идеи” на студиската посета за ментори и социјални претприемачи, организирана од страна на Balkan Green Foundation.
Менторите и социјалните претприемачи од Западен Балкан имаа можност да стекнат поголемо знаење за добри практики на социјални претпријатија во Албанија и да научат повеќе за патот на нивниот развој.
Во рамки на ваа студиска посета учесниците посетија две социјални претпријатија од градот Берат- Rinora Handmade, која произведува природни сунѓери и занаетчиски сапуни, како и Qukapiku – кои произведуваат дрвени играчки дизајнирани со цел да стимулираат здрав развој на мозокот на децата во раните фази на нивниот развој. Двете овие социјални претпријатија беа дел од натпреварот Balkan Green Ideas во 2020 и 2022 година.
Студиската посета вклучи посета и на социјалното претпријатие “Центар за кулинарско образование” од Тирана кое работи на промоција на традиционална храна и локални производи, но истовремено и нуди интензивни курсеви по кулинарство и пециво за студенти, нудејќи им и можност за вработување. Производството на путер од бадеми, ореви и лешниши пак, користејќи локални и егзотични состојки со цел развој на заедниците од руралните средини е работа на социјалното претпријатие “Pemla” кое исто така беше дел од оваа студиска посета.
Последната посета во рамки на престојот беше во регионално познатото социјалното претпријатие “Mrizi i Zanave” од Fishtë of Lezha кое работи во областа на агротуризмот и има 100 вработени вклучени во сите аспекти на производството во фармата, процесирањето на храната и ресторантските услуги.
Дополнително, во рамки на престојот беа организирани две работилници: едната со фокус на споделување на перспективите за потенцијалот на младите луѓе во развојот на зелените бизниси, додека другата работлница беше наменета за споделување на научени лекции за време на студиската посета, како и препораки од страна на учесниците кои ќе придонесат за понатамошен развој на програмата Balkan Green Ideas.
„Студиската посета за ментори и претприемачи” е поддржана од програмата Ерасмус плус и фондот на браќата Рокфелер