Студиска посета во Кипар
Во периодот 1ви до 4ти ноември во Кипар се одржа контакт-семинар насловен како “Проценка на буџетот за реализација на предлог за партнерство за соработка”. На контакт-семинарот како претставник од АРНО учествуваше Шемседин Илјаз, заедно со колеги од основните училишта “Св. Климент Охридски” од Македонски Брод, “Тошо Велков Пепето” од Кавадарци, и средното училиште “Никола Карев” од Струмица.
На овој транснационален настан присуствуваа 70 учесници од 17 држави, а фокусот беше градење капацитети на потенцијални корисници на програмата Еразмус + во делот на успешно планирање и реализација на буџетите за активностите во партнерствата за соработка во акциите КА210 и КА220.
Во истиот учествуваа врвни експерти од Европа како и претставници на Национални агенции кои споделуваа нивни практики и знаење со учесниците. Експертот Паул Гест од консултантската фирма Ориент, од Ирска одржа работилница насловена „Паушално финансирање: увиди и очекувања од А до Ш“ (Lump Sum Financing: A-Z of Insights and Expectations), каде ги сподели сите клучни елементи на креирање на буџет за паушално финансирање на предлози за партнерства за соработка.
Контакт-семинарот се случи благодарение на стратешка соработка помеѓу Националната агенција за европски образовни програми и мобилност на Република Северна Македонија и Кипарската национална агенција за Еразмус + Млади во акција.