Студиска посета во Камерун: Патувањето на проектот GREASE
Од 2 до 6 јуни 2024 година, партнерите на проектот GREASE беа на инспиративна студиска посета низ Камерун. Марјан и Шемо од АРНО беа дел од проектниот тим за истражување на главните актери на социјалната и солидарната економија (ССЕ) во урбаните и руралните области и зајакнување на руралните заедници и жените преку зеленото социјално претприемништво и развојот на задруги.
Посетата следеше по првиот Африкански форум за социјална и солидарна економија (FORA’ESS), одржан во Јаунде од 28 до 30 мај 2024 година. Ко-организиран од проектниот партнер GREASE, PFAC, овој пан-африкански настан собра над 1.500 учесници од целиот континент кои истражуваа различни модели на ССЕ. За време на форумот, проектот GREASE организираше панел сесија за презентирање на своите цели и дискутирање за улогата на ССЕ во поттикнувањето на заедниците, особено преку мрежата RELESS во Камерун.
Студиската посета започна во Јаунде, каде што учесниците беа запознаени со локалните обичаи и добија преглед на претстојните активности. Оваа посета беше можност за партнерите на GREASE да се сретнат лично, да организираат тркалезна маса и да ги споделат своите искуства, отворајќи пат за идната работа на конзорциумот. АРНО ги сподели своите програми за зелено социјално претприемништво, искуството во поддршката на зелени и социјални бизниси и создавањето мрежи во ССЕ . Дискусијата го истражуваше потенцијалот за соработка и размена на знаења помеѓу земјите за понатамошен развој на ССЕ движењето во Африка.
Патувањето потоа се премести од главниот град во руралните општини Дуаментанг и Олангина. Во Дуаментанг, лоциран во источниот регион, тимот на GREASE ги посети задругите водени од жени кои се занимаваат со агро-прехранбено производство, здравство и образование. Овие задруги се посветени на поддршка на егзистенцијата на руралните жени преку традиционално земјоделство и иновативни земјоделски техники. Посетата вклучуваше интеракции со жени кои одгледуваат касава, пченка и плантан, како и одгледуваат риби. Партнерите научија за секојдневните предизвици со кои се соочуваат овие жени и дискутираа за значајната улога на задругите и мрежата RELESS во подобрувањето на нивната социо-економска состојба.
Во Олангина, партнерите беа топло пречекани од локалната заедница, вклучувајќи го градоначалникот, општинските службеници и локалните членови на RELESS. Посетата вклучуваше истражување на успешни задруги како плантажи со макабо и ананас, како и системи за риболов кои претставуваат егзистенцијални активности за локалните жени. Исто така, беше организирана и конференција за презентирање на активностите на проектот, за време на која градоначалникот ја изрази својата посветеност на развојот на мрежата RELESS. Настанот заврши со свечена церемонија на која беа сертифицирани десет нови задруги, збогатувајќи ја ССЕ во региониот.
Студиската посета заврши со средба со г. Ачил Басилeкин, министер за мали и средни претпријатија, социјална економија и занаетчиство на Камерун. Оваа средба беше од големо значење за презентирање на долгорочната визија на проектот и неговото усогласување со развојните цели на земјата. Поддршката на министерот претставуваше важен чекор кон обезбедување одржливост на проектот и неговото позитивно влијание врз руралните заедници.
За време на посетите на руралните области, партнерите се вклучија во локалните заедници каде што ги слушнаа приказните на жените претприемачи и членовите на задругите о дискутираа за предизвиците и поддршката која ја очекуваат од проектот. Овие разговори ја истакнаа потребата за иницијативи за градење на капацитети кои ќе им овозможат на жените вештини неопходни за водење социјални претпријатија. Искуствата стекнати од овие размени се од суштинско значење за обликување на идните активности, осигурувајќи дека поддршката која се обезбедува од проектот ги задоволува вистинските потреби на локалните заедници.
Проектот GREASE е кофинансиран од програмата Еразмус+ на Европската унија. Проектот е координиран од DIESIS Network (Белгија), во партнерство со АРНО (Северна Македонија), AFROLEADERSHIP, FORESSCAM и Partenariat France & Afrique pour le Co-développement (PFAC) од Камерун.