Солидарност и планот за социјалните претпријатија за 2026 година image

Солидарност и планот за социјалните претпријатија за 2026 година

На 24 декември 2025 година, во Центарот за социјални претпријатија во Скопје, се одржа третиот Саем за социјални претпријатија. Овој настан, организиран од Министерството за социјална политика, демографија и млади заедно со СИЕЦ, МИСЛА, ЉУБЕЗНОСТ, СОЛЕМ и АРНО, беше посветен на солидарноста за Марисија Садовска и поддршка на фондацијата Барка.

Настанот означи важен пресврт за секторот. Додека државата работи на финализирање на Законот за социјално претприемништво и неговата примена во 2027 година, заедницата веќе се подготвува за следната фаза на развој. На панел дискусијата беше нагласено дека во изминатите две години екосистемот значително порасна со нови актери и гранки.

АРНО, во рамките на овој настан, им овозможи на сите присутни преку скенирање на QR кодови да го пријават својот интерес за идна соработка. Оваа база на податоци ќе биде клучна за насочување на импакт инвестициите во периодот 2026-2027, што е и срцето на нашата работа преку проектот “Инвестираме во промени”. Дополнително, беа спроведени и неформални едукативни активности поврзани со проектот ГРЕАСЕ (Зелено-рурално претприемништво во африканско социјален екосистем). Во играта со флеш картички, учесниците одговараа на прашања: што е социјалната економија, што се кооперативи, што значи компостирање, кои вештини им се потребни на руралните жени претприемачки итн. Секој точен одговор беше награден со чаша топло какао од Африка. Еден од интересните одговори беше од Марија, социјала претприемачка од Билкилајф, која изјави: Јас се сметам за храбра рурална жена, која остави сè во градската средина и веќе сум во вистинска смисла на зборот рурална жена. За да покажам дека сите коишто се урбани дами може да градат своја бизнис приказна со придонес во општеството” Исто така, секој можеше да скенира QR кодови за пристап до прирачниците, и алатките развиени во рамки на истиот проект.  

Овие приказни и стекнатите знаења се доказ дека екосистемот е подготвен за следното ниво. Токму оваа сплотена заедница е основата на која ќе ги градиме идните импакт инвестиции во локалната економија.

Затоа, ги повикуваме сите чинители да се приклучат на големата координативна средба во февруари 2026 година, во организација на „Паблик“, која дополнително ќе биде јавно објавена. Ова е моментот кога заеднички ќе ја направиме проверката на целесообразноста на досегашните ресурси и ќе го испланираме одржливото оперирање на поправедниот модел за локалната економија.

Сподели на социјалните мрежи