Ирина се врати од Стокхолм со нови знаења и партнерства од SI Leader Lab 2025
Ирина Јаневска, основачка и креативно погонче во АРНО, ја претставуваше Македонија на SI Leader Lab 2025 — една од најпрепознаените програми за лидерство за професионалци од граѓанското општество, која се одржува под покровителство на Шведскиот институт.
Оваа година, програмата обедини повеќе од 100 активисти од 13 земји од Источна Европа, Западен Балкан и Турција. Со силен фокус на темите „Лидерство за соработка (Lead collaboration)“ и „Водење на промени (Lead Change)“, SI Leader Lab ги опремува учесниците со алатки за креирање ефективни кампањи за застапување, редефинирање на лидерството и развој на иновативни решенија за денешните најитни општествени проблеми.
На почетокот на мај, учесниците се собраа во Стокхолм за еднонеделна програма исполнета со интензивни работилници, менторство и размена на искуства. Програмата комбинираше сесии за стратешки размислувања, целодневни работилници, дискусии за време на паузи (фика), создавајќи динамична и работна атмосфера. Учесниците истражуваа модели на повратни информации, вклучувајќи невро-научни модели, и дизајнираа кампањи за вистински светски предизвици, формирајќи долгорочни меѓународни партнерства.
Ирина Јаневска, препознаена по нејзините интервенции во зелената економија, социјалното претприемништво и граѓанските иновации, беше дел од избраните учесници од Македонија.
„Навистина сум благодарна што сум дел од оваа повеќе месечна програма — кој, инаку, не е ни завршена!“ вели Ирина. „Од онлајн фазата, моделот SCARF навистина остана со мене — ми помогна да размислам за динамиката на тимот и стилот на лидерство. SCARF е невролошки модел кој ни помага да соработуваме попродуктивно, да разбереме како луѓето реагираат на закани и награди. Целата програма беше неверојатно искуство и учење, што го поддржа и мојот личен развој, но и стратешкото планирање за нашиот Центар за поправки „Ништо ново“. И да — Стокхолм беше WOW! Средбата со колеги, физички, во едно место и простор, беше навистина инспиративна. Бев опкружена со куп паметни и посветени активисти. Учествувавме во вежби за заземање став, сесии за генерирање идеи, модели на санта мраз, мапиравме кампањи, зборувавме за различни видови на лидерство и имаше и подлабоки дискусии. Многу ми се допадна и посетата на Технлошкиот музеј- наидов на куп зелени идеи кои едвај чекам да ги споделам во рамки на програмите на АРНО- Даска за сурфање на снег направена од хартија, ѓонови на чевли направени од гума од шума — толку многу инспиративни иновации кои се совпаѓаат со нашата мисија. Освен знаењето, алатките, оваа програма направи да се чувствуваме видено и ценето за работата која ја правиме во третиот сектор“.
SI Leader Lab продолжува со онлајн сесии и ќе кулминира со Impact Lab на есен, каде учесниците ќе ги применат своите вештини преку практични лидерски предизвици во реалниот свет.
АРНО се радува на можноста да биде дел од овој граѓански простор и ги охрабрува сите кои работат во граѓанското општество да истражат слични можности кои го слават граѓанското вклучување, поттикнуваат глобални мрежи и поддржуваат иновативно лидерство.











