Arno default image

RISE патешествието 2 започна!

RISE патешествието 2 започна! Ова наше патешествие го започнавме со првиот хибриден настан каде што се запознавме со сите тимови и се спремивме за наредните месеци од идеациската фаза. На 3-ти и 18-ти ноември 2021 година ги одржавме првите обуки. АРНО преку алатките на неформалното образование ги подготви учесниците за следните чекори од патешествието.

 Среќни сме што во октомври (за првпат оваа година) го организиравме првиот хибриден состанок каде што имавме можност да се запознаеме со сите избрани тимови и нашите RISErs. Зборувавме за следните чекори и што да очекуваат од целата програма на RISE. Многу набргу ја организиравме и нашата прва обука каде што тимовите научија повеќе за социјалното претприемништво и какви сѐ бизнис модели можат да се развијат. По обуките учесниците добија домашни задачи и насоки како да ја развијат својата идела со помош на бизнис модел канвасот и како да пополнат дијагностички алатки за секој старт-ап..

А, еве и што велат учесниците за почетокот и нивните очекувања:

„Ми се допаѓа позитивната атмосфера која кружи околу тимовите, предавачите на убав и мотивирачки начин преку тренинзите нѐ поттикнуваат кон уште поголемо развивање на нашите идеи…… Toa што очекувам се зголемени знаења од областа на бизнисот, маркетингот, позитивност, креативност и тимска работа која ќе ни донесе позитивни резултати. “  Анастасија Петрова од Еуроарт

„По првиот месец се јави уште поголем оптимизам во нашиот тим поради афирмирањето на нашата идеа и дозата на сигурност и желбата да се помогне која зрачи од тимот на АРНО. Развојот на самата идеа до сега е голем и е во тек со полна пареа! “  Симона од Амброзиа

 

Практичните примери и успешните приказни што ги споделувате со нас се доста корисни, бидејќи ја поврзувате теоријата со пракса и на тој начин нè насочувате и ние во иднина да ги креираме/доразработуваме соодветно нашите идеи. Очекувам при менторските средби да ги зајакнеме своите вештини, да научиме како соодветно да искреираме бизнис-план и да почнеме да размислуваме на начин како да се реинвестира профитот… Очекувам да ве држат убавата енергија и ентузијазмот за да можеме интелектуално да се надградуваме заедно. 🙂 “ Милена Ристова-Михајловска од Еуроарт

Наскоро тимовите ќе ги добијат и своите ментори/ки и заедно со нив ќе почнат да работат на развојот на своите идеи. Премногу сме благодарни за сите активни чинители на овој наш мал екосистем кои се пријавија волонтерски да помогнат во создавањето на следните социјални претпријатија во нашата држава. Големо браво за сите нив! Едвај чекаме да ги споделиме резултатите следната година 🙂

Сите настани и обуки се спроведуваат во рамки на проектот RISE (регионален инкубатор за социјални претприемачи) кој ќе им овозможи на 200 млади луѓе од Западен Балкан да развијат идеи за социјално претприемништво и да помогнат во решавањето на проблемите од локалната заедница. Младите претприемачи ќе имаат можност да учат, растат и развиваат свои бизнис идеи преку работилници, програми за мобилност и финансиска поддршка, во исто време помагајќи им на локалните заедници да ги решаваат проблемите.

За RISE Journey можете да дознаете повеќе на следниов линк, а не заборавајте да нѐ’ следите и на нашите социјални мрежи.

До скоро со нови АРНИ вести!

Наши поддржувачи
Rockefeller European commission UNFPA UNDP Social Impact Award Erasmus RYCO French Developement Agency Национална Агенција за образовни програми и мобилност МК