„Градиме градови за младите во свет на 8 милијарди луѓе” – Регионален форум во Сараево
Регионалниот форум „Градиме градови за младите во свет на 8 милијарди луѓе”, во присуство на 120 градоначалници, претставници на општини, службеници за млади од локалната самоуправа и експерти од 47 градови во 13 држави, вклучително и Македонија, се одржа 15-16 ноември во Сараево, Босна и Херцеговина, во организација на УНФПА. Македонската делегација ја сочинуваа градоначалниците на општините Дебар и Валандово, претставници на општина Куманово, службеници за млади од општините Центар, Куманово, Дебар и Валандово, додека претставник од граѓанскиот сектор беше Ирина Јаневска од АРНО.
Регионалниот форум обезбеди простор за дискутирање на политиките за развој што се однесуваат на младите, учество и јакнење на демографската отпорност кај општествата и споделување на искуства, решенија и добри практики.
„На конференцијата во Сарајево споделија дека 6 милијардитиот жител на светот е роден во Високо, БиХ пред 23 години и дека кум му е поранешниот секретар на Обединетите Нации-Кофи Анан. Денес стигна веста дека е родено девојче во Манила, Филипини која е 8 милијардитиот жител. Битно е колку сме, и битно е да сме силни. Затоа зборуваме за популација, млади и политики за младите под мотото #8BillionStrong #DemographicResilience“ изјави Ирина од АРНО.