(Оглас за работа) ВАЈС Груп е во потрага по експерт image

(Оглас за работа) ВАЈС Груп е во потрага по експерт

Сигурно се сеќавате на македонската зелена бизнис идеја која победи на регионалниот натпревар Зелени идеи во 2021-ва година и која  од отпад (комиње) прави мултифункционален адитив. Станува збор за ВАЈС груп- тие се во потрага по експерт кој ќе им помогне во работењето, и не’ замолија да го споделиме следниот оглас кој го пренесуваме во целост:

Оглас за експерт за изработка на стратегија за едукација и подигање свест кај винариите за придобивките од рециклирање и користење на циркуларни модели во нивниот процес на производство

Друштво за Производство, Услуги и Трговија ВАЈС Груп ДООЕЛ Скопје го реализира Проектот ,,Трансформирање на конвенционалните синџири на снабдување на винариите во циркуларни”, доделен од страна на ЦеПроСард преку проектот ,,Не оставај никој зад себе” ко-финансиран од страна на Европска Унија. Проектот цели кон намалување на отпадот од комиње кој го создаваат винариите и производителите на ракија преку негово рециклирање и претворање во нов прехранбен производ со помош на користење на циркуларен модел. Период на имплементација на проектот е октомври 2022 – август 2023 година.

Специфични цели на проектот се:
 Зголемување на просториите за складирање комиње, со цел зголемен капацитет за рециклирање на отпад од комиње
 Едукација и подигање на свеста на локалните винарии и поединци кои произведуваат вино за бенефициите од рециклирање од комињето
 Развој на маркетинг стратегија, анализа на крајни купувачи и дизајн на пакување на производ добиен преку рециклирање на комиње

Претпријатието преку овој повик поканува пријави за вработување на една работна позиција, преку договор за услуги:
ЕКСПЕРТ ЗА ИЗРАБОТКА НА СТРАТЕГИЈА ЗА ЕДУКАЦИЈА И ПОДИГАЊЕ СВЕСТ КАЈ ВИНАРИИТЕ ЗА  ПРИДОБИВКИТЕ ОД РЕЦИКЛИРАЊЕ И КОРИСТЕЊЕ НА ЦИРКУЛАРНИ МОДЕЛИ ВО НИВНИОТ ПРОЦЕС НА ПРОИЗВОДСТВО

Опис на ангажманот:
 Мапирање на винарии, вклучувајки ги и винариите кои произведуваат вино од органско грозје
 Утврди концепт и методолошка рамка за спроведување на истражувањето: спроведе податоци и да спроведе интервјуа со  релевантни засегнати страни
 Подготовка на прашалници и развој на стратегија за дистрибуција на прашалници до засегнати страни
 Комуникација со други засегнати чинители за начини на подигнување на свеста кај винариите за придобивки од рециклирање на комињето
 Сортирање на квантитативни и квалитативни податоци преку користење на МS Word и Еxcel
 Изработка на стратегија (документ) согласно прибрани податоци од спроведено примарно и секундарно истражување со вклучени препораки

Времетраење на ангажманот:
Вработувањето ќе се изврши врз основа на договор на услуга во рамки на проект за 15 работни дена од кои 10 во периодот декември 2022 и 5 во јануари 2023 година.

Место на извршување на ангажманот:
 Дома/канцеларија на ВАЈС Груп ДООЕЛ Скопје за прегледување на документација
 Канцеларија на ВАЈС Груп ДООЕЛ Скопје за координација и избор на апликанти

Квалификации и искуство:
 Завршени минимум додипломски студии во областа на општествените науки;
 Најмалку пет години работно искуство во спроведување на слични активности
(изготвување на анализи)
 Напредни организациски и комуникациски вештини
 Компјутерски вештини, со познавање на MS Excel и познавање на MS Word
 Сортирање на квантитативни и квалитативни податоци
 Проактивност

Аплицирање/Пријавување
Ги повкуваме кандидатите да достават целосна биографија на македонски јазик до 20.12.2022 година (понеделник) на thewicegroup@gmail.com со наслов Апликација за Експерт за проект ,,Трансформирање на конвенционалните синџири на снабдување на винариите во циркуларни”. Кандидатите ќе бидат известени за резултатот од изборот до 27.12.2022 година. Кандидатите кои ќе влезат во потесен избор ќе бидат повикани на интервју во просториите на претпријатието. Сите пријави ќе се сметаат за доверливи, во согласност со барањата за заштита на личните податоци. За сите дополнителни информации поврзани со овој повик можете да не контактирате на: thewicegroup@gmail.com.

Сподели на социјалните мрежи